Маја Оџаклиевска (68) се пресели на село со внукот со аутизам, кој има 13 години, а уште не зборува: „Ни годи мирот“

„Јас прва забележав дека нешто не е во ред со мојот внук, а не мојата ќерка. Јас веќе две години го чував и имав повеќе искуство. Едноставно не се фокусираше на мене, а на 6 месеци се фокусираше. Можев да врескам крај него, а тој беше во свој свет. Првите две години ги кажуваше првите зборчиња – мама, тато, баба. Но, сега не говори. Тој веќе 5 години молчи...“, споделува Маја Оџаклиевска и открива зошто таа и внукот го обожаваат животот на село.

maja-odjaklievska-68-se-preseli-na-selo-so-vnukot-so-autizam-koj-ima-13-godini-a-ne-zboruva-ni-godi-mirot-01.jpgМаја Оџаклиевска со ќерката Андреа (која има мало детенце), внукот Лука на Маја ѝ е од ќерката Теа

Маја Оџаклиевска (68) својот живот му го посвети на внукот Лука, на кој пред 9 години му бил дијагностициран аутизам. Тој сега има 13 години, но нема проговорено, а легендарната пејачка за негово добро, но и за самата таа да пронајде мир, се пресели надвор од градот и живее во рурален дел од Србија.

Внукот го доби од ќерката Теа, која одамна се отсели од Белград. Маја имаше останато да живее со внукот во мал стан во Белград, до пред извесен период.

Покрај ќерката Теа, Маја ја има и ќерката Андреа.

View this post on Instagram

A post shared by Andrea Odzaklijevska (@andrea_odzaklijevska)

Маја открива детали за преселбата за српските медиуми:

„Совршено мирно живеам. Станувам околу 6 и пол часот, го гледам изгрејсонцето на полјана, ги хранам своите животни, седнувам и пијам кафе. Никој не ме малтретира и тоа е прекрасно.

Нема сообраќај, врева, имам време за себе и уживам во тоа. Изолирана сум на село и тоа ми годи.

Имам зајак, мачка, куче, птици... Немам уште домашни животни затоа што за тоа ќе ми биде потребно повеќе да се ангажирам, но можеби ќе имам некогаш, ако даде Бог“, вели Маја за српските медиуми и додава дека најголема желба ѝ е внукот Лука да проговори.

„И нему му е потребен мир. Добар е, расте, во пубертет е, хормоните му работат, динамичен е, што е нормално за дете од 13 години.

Прекрасен е, единствената мака е што уште не зборува. Искрено се надевам дека ќе започне, некои деца проговоруваат така и подоцна, некои никогаш, мене да проговори ми е најголема желба.

Инаку, за дијагнозата јас прва забележав дека нешто не е во ред, а не мојата ќерка. Јас веќе две години го чував и имав повеќе искуство.
Едноставно не се фокусираше на мене, а на 6 месеци се фокусираше. Немаше фокус, немаше интеракција.

Можев да врескам крај него, а тој беше во свој свет, некако тажен. Тоа е многу болно за родителите.

Првите две години ги кажуваше првите зборчиња – мама, тато, баба. Но, сега не говори.
Тој веќе 5 години молчи. Односно пее и изговара некои букви, но тоа е сè“ - споделува Маја Оџаклиевска и открива зошто таа и внукот го обожаваат животот на село.

maja-odjaklievska-68-se-preseli-na-selo-so-vnukot-so-autizam-koj-ima-13-godini-a-ne-zboruva-ni-godi-mirot-04.jpg

Прочитајте и Факти за легендарната Маја Оџаклиевска - се грижи за внукот со аутизам, доби национална пензија во Србија

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исчезната е, сестра ѝ тврди дека е убиена, беше прва прељубница во реално шоу: Се сеќавате ли на Мар... Една година по исчезнувањето на Маријана Зајферт, најпопуларната победничка на р...
„Лицето ми се парализира од силен провев“ – Србинка ја сподели својата приказна за сите што се потсм... Билјана била изложена на силен провев, па неколку дена после тоа лицето ѝ се пар...
Потресна исповед на српска пејачка: „Имав рана која се инфицираше со стрептокока и добив сепса, сака... „Имав мала рана на ногата, која за краток период се инфицираше и добив сепса“ – ...
Беше свршен со актерка, ѝ предвидуваа свадба со познат пејач: Кои се бившите на Александра Пријовиќ ... Пред да се запознаат, двајцата имале долги и сериозни врски, а медиумите и тогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg