Потекнува од богато семејство, наплаќа по 3.500 евра за реклама - Што знаеме за Ања Бла, девојката на Бака Прасе?
Во една негова изјава, најпознатиот српски јутјубер има спомнато дека Ања е побогата дури и од него, па се претпоставува и дека потекнува од богато семејство. Исто така, неодамна низ српските медиуми се појави веста дека Ања за една своја објава наплаќа по 3.500 евра.
Таа е голем љубител на животни, а на своето маче Теди, Ања му има направено свој Инстаграм профил кој исто така е многу следен.
Низ ТикТок заедницата, најпозната е по фразата „бакин стан“ (станот на Бака) затоа што често се сликала во неговиот стан без да наведе каде е, но следбениците веќе го знаеле изгледот на домот на јутјуберот, па самите сфаќале каде е сликана.
Исто така, често знаат низ шега да искоментираат дека таа „пак сака најнов ајфон“ затоа што Бака во своите видеа токму тоа го правел. Многу од коментарите се дека тој ја „поткупувал“ со таквите подароци. Ања знае и да се пошегува на своја сметка со сите овие коментари.
Ања има свој ресторан во Добој, Босна и Херцеговина, кој го има основано со нејзиниот брат. Во едно видео од пред некој месец, Бака Прасе објави видео каде го посетува нејзиниот ресторан за да ги проба сите јадења од менито, а токму Ања е таа која го услужува.
https://www.youtube.com/watch?v=6vg4Gw4Zc10
M. Л. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“
„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк...
„Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...

„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант...
Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се...
„Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин...
Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ
Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
-->
-->