Дечиња извадени од урнатините, човек плаче со мртвиот син во раце - Трогателни моменти од Турција и Сирија по земјотресите (видео)

Сириец кој плаче со мртвиот син во раце, откако загубил 12 члена од семејството во катастрофалниот земјотрес, видеа од дечиња што ги извлекуваат од под урнатините во Турција... Социјалните мрежи се преплавени со потресни видео снимки од случувањата во Турција и Сирија по катастрофалниот земјотрес, во кој досега (7-ми февруари, 8 часот) 4.300 лица ги загубиле животите.

dechinja-izvadeni-od-urnatinite-chovek-plache-so-mrtviot-sin-vo-race-najpotresnite-videa-od-turcija-i-sirija-po-zemjotresite-01.jpg

По силниот земјотрес со епицентар во Пазарџик, што се случи вчера (06.02) околу 4.17 часот наутро и кој беше со јачина од 7.7 степени според Рихтеровата скала, Турција и Сирија беа погодени од уште неколку силни земјотреси.

dechinja-izvadeni-od-urnatinite-chovek-plache-so-mrtviot-sin-vo-race-najpotresnite-videa-od-turcija-i-sirija-po-zemjotresite-04.jpg

На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа од урнатините и од луѓето што очајно се обидуваат да ги спасат своите најблиски.

dechinja-izvadeni-od-urnatinite-chovek-plache-so-mrtviot-sin-vo-race-najpotresnite-videa-od-turcija-i-sirija-po-zemjotresite-06.jpg

Околу 13.24 часот Турција била погодена од уште еден силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. Во Турција се погодени вкупно 10 градови.

Според последните податоци (од 07.02, во 8 часот наутро) во Сирија и во Турција животите ги загубиле вкупно 4.300 лица, но како што пишува светската новинска агенција Reuters ова е еден од најсилните земјотреси што се случил во целиот свет во периодот од 2013-та до 2022-ра година.

dechinja-izvadeni-od-urnatinite-chovek-plache-so-mrtviot-sin-vo-race-najpotresnite-videa-od-turcija-i-sirija-po-zemjotresite-05.jpg

Се смета дека земјотресот во Турција и во Сирија бил 250 пати посилен од оној што се случи во Италија во 2016-та година.

Спасените жители панично се вклучуваат во потрагата по своите најблиски, а оние што ги загубиле најблиските не можат да го скријат очајот и тагата.

dechinja-izvadeni-od-urnatinite-chovek-plache-so-mrtviot-sin-vo-race-najpotresnite-videa-od-turcija-i-sirija-po-zemjotresite-07.jpg

Дечиња извлечени од под урнатините, луѓе кои панично трагаат по своите најмили, тела од починати лица на улица... Глетката од Турција и од Сирија е застрашувачка.

На социјалните мрежи се споделуваат голем број потресни снимки и видеа од хаосот, погледнете дел од нив:

Разурнати згради во Турција

Луѓето панично ги бараат своите роднини низ урнатините

https://twitter.com/sadqajariyah1/status/1622850699569795072

Момче го носат на носилка откако 28 часа било заробено под урнатините

Снимка од дрон од урнатините во Турција

Детенце заробено под урнатините во Турција

Спасување на малечко девојче заробено под урнатините

Човек плаче откако 12 членови на неговото семејство загинале во земјотресот во Сирија

Девојче што било спасено од урнатините во Сирија, откако го загубило цело семејство

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Автомобили во морето, домови под вода – бурата Даниел не стивнува во Грција, поплави има и во Бугари... Врнежите од дожд, кои веќе се нарекуваат историски, уште предизвикуваат поплави ...
Сите мислеа дека е гола под фустанот – Ела Дворник покажа како ја сокрила долната облека под длабоки... „Кога ќе го искористите овој трик, добивате гаќи што се толку ниски, што нема да...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Поранешната претседателка на Хрватска се преполови - Колинда Грабар (55) ослабе 30kg и изгледа подоб... Во текот на диетата се забранети рафинирани шеќери и полуготови производи, а се ...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg