Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“

Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна што му ја посвети на синот Марио. „Песната ја пишував додека го чекав и сонував. Мојата љубов дојде“ – напиша Марија.

marija-sherifovikj-mu-go-podari-prviot-podarok-na-sinot-mario-napisha-pesna-koja-mu-ja-posveti-nemu-video-01.jpg

Српската пејачка Марија Шерифовиќ неколку дека откако стана мајка на синот Марио, ја објави песната „Dolazi ljubav“.

marija-sherifovikj-mu-go-podari-prviot-podarok-na-sinot-mario-napisha-pesna-koja-mu-ja-posveti-nemu-video-02.jpg

Песната од денес (21.12) е достапна на Јутјуб, а Марија нагласи дека таа е првиот подарок за нејзиниот син.

„Музиката отсекогаш беше мојот единствен начин да се објаснам себеси и да споделам парче од мојата душа.

Песната 'Dolazi ljubav' ја пишував заедно со авторите за него, додека го чекав и сонував.

Затоа денес ја споделувам со сите вас, со неа да ги сонувате сите оние што ви носат љубов и спокојство.

Мојата љубов дојде – името ѝ е Марио. Сине мој, ова е првиот подарок за тебе“ – напиша Марија во емотивната најава за песната Марија Шерифовиќ на која е ставена фотографија од рачето на малото бебе.

Во песната се проткаени сите емоции и целата мајчинска љубов што пејачката ја чувствува за синот.

„Додека дишам без страв ми биди, верно ќе те чувам од тага и од луѓе“ – му порача Марија во стиховите на својот син Марио.

Погледнете го спотот за песната:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Синот на Марија Шерифовиќ завршил во болница на летување: „Зеде залет и скокна, моравме на рендген“ „Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и ск...

Најчитани неделава