Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сите негови скандали

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба Корели. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат на Твитер, откако беше објавено видео како босанскиот рапер среде улица ја малтрерира својата девојка.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-01.jpg

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, повторно се најде среде скандал. На порталите во регионот е објавено видео на кое се гледа како тој физички ја малтретира својата долгогодишна девојка, Петра Цупан.

На почетокот на видеото тој ја влече за коса, па продолжува да вика по неа среде улица.

Додека таа пробува да се одбрани од него, тој ги става рацете зад грб и се воздржува да не ја удри.

Додека продолжуваат да одат, на неа ѝ паѓа јакната, па таа се наведнува да ја земе. Пред крајот на видеото се гледа како раперот ѝ се внесува в лице, па тие продолжуваат да одат, пишува „pink.rs“ кој го објави вознемирувачкото видео.

Порталот пишува и дека полицијата неколкупати реагирала во нивниот дом поради вресоци, викање и кршење во нивниот дом.

Однесувањето на раперот предизвика многу негативни реакции и на социјалните мрежи.

„Таман човек ќе помисли дека Буба Корели не може да е помизерен, ќе се појави ваква вест. Тој покажува дека дното не е негова граница. Секоја чест“, пишува еден корисник на Твитер.

„Амар Хоџиќ, наркодилер и осуден криминалец е снимен како ја злоставува девојката. Првото прашање за неа е: Што бараш со тип кој со години во градот е познат како насилник? Што е со мозокот на оваа драга жена? Буба Корели не е некој од кого можеш да очекуваш нешто нормално“, вели друг.

„Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на неговите настапи. Ова не е нормално. Ова е насилство, тој е насилник. Покажете им го ова на своите ќерки и објаснете им дека по ова доаѓа нешто уште полошо“, пишуваат.

raperot-buba-koreli-ja-vleche-devojkata-za-kosa-na-ulica-se-vozdrzhuva-da-ne-ja-udri-shto-bara-so-kriminalec-i-nasilnik-komentiraat-na-tviter-video-04.jpg

Корели е познат по своето насилно однесување и бројните скандали.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...
Дара Бубамара (50) има нов помлад дечко - се возат во кабриолет на Миконос, па на јахта во Црна Гора Од луксузни одмори до слободно покажување дека се во врска пред српските папарац...
Првиот сопруг бил во затвор во Германија, со вториот - спиеле во одделни соби: Кои се бившите сопруз... „Тој период го паметам како најмачниот. Ми беше многу тешко, па утеха наоѓав во ...
„На естрадата има многу вонбрачни деца“ - Дара Бубамара ја брани Милица Тодоровиќ откако му роди дет... Иако Дара Бубамара не спомна имиња, се знае дека Горан Бреговиќ, Маринко Роквиќ ...
„Заработувам 600.000 евра месечно“ - Откри јутјуберот Бака Прасе и ја восхити Дара Бубамара, која за... На прашањето за своите месечни приходи, Дара Бубамара на Бака Прасе му откри: „З...
Буба Корели има и свршеница и девојка - живеат заедно, а на негов концерт двете играа во публика едн... Уште во 2021 година се појавија информации дека раперот има две партнерки кои не...

Најчитани неделава