„И Хрватска реши да праќа 'мајмуни' на Евровизија“ - Maкедонците го коментираат скандалозниот избор на Хрватите (видео)

Од тантела до бомби и мустаќи како Хитлер, евровизиската песна на Хрватска е една од најскандалозните кои ќе ги видиме на Евровизија 2023. „Посакувам Хрватска да има 0 поени на Евровизија“, е само еден од осудувачките коментари.

i-hrvatska-reshi-da-prakja-majmuni-na-evrovizija-makedoncite-ja-komentiraat-evroviziskata-pesna-na-hrvatska-video-01.jpgфото: Инстаграм Лет 3

Хрватската група Лет 3 ќе ја претставува Хрватска на Евровизија со песната „Mama ŠČ!“, откако победија на 3-часовното музичко шоу „Дора“, кое се одржа традиционално по 24-ти пат.

i-hrvatska-reshi-da-prakja-majmuni-na-evrovizija-makedoncite-ja-komentiraat-evroviziskata-pesna-na-hrvatska-video-07.jpg

Членовите на бендот, кои станаа хит на социјалните мрежи, по победата велат:

„Каков ефект и одек постигнавме кај публиката не ни се верува. Ѝ благодариме на публиката, одговорноста е голема.“

Нашминкани и со воени униформи, со историски мотиви, чудни написи и комплетно скандалозен настап, тие очигледно се одлучни годинава да остават впечаток и да се зборува за Хрватска на Евровизија.

i-hrvatska-reshi-da-prakja-majmuni-na-evrovizija-makedoncite-ja-komentiraat-evroviziskata-pesna-na-hrvatska-video-06.jpg

Лет 3 е рок бенд од Риека, формиран во 1987 година, со оригинален пристап кон рок музиката и впечатливи сценски изведби.

Нивните песни често содржат провокативни и вулгарни стихови, а познати се и по голотијата на настапите.

Многумина ги осудија, но многумина и ги пофалија затоа што исмејуваат каква пародија е Евровизија.

Дел од коментарите на македонските твитерџии:

И Хрватска конечно реши да праќа „мајмуни“ на Евровизија. Добро, не заслужува Евровизја подобро од ова.

Само вакви песни се праќаат за да се дискредитира циркузот Евровизија! Браво за Хрватска. И така Евровизија е постаната политичка машинерија.

Браво, конечно некој од Балканов со песна каква што доликува на Евровизија. Хрватска еуро 2023.

i-hrvatska-reshi-da-prakja-majmuni-na-evrovizija-makedoncite-ja-komentiraat-evroviziskata-pesna-na-hrvatska-video-05.jpg

Повеќе коментари од твитерџии и видео од настапот на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Не паничев“ - Девојка од Хрватска се пожали дека ја каснала ајкула на одмор на Малдиви (фото) „Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера. Се при...
Српската претставничка за впечатоците од Евровизија 2024: „Бев еднаш и никогаш повеќе“ Српската претставничка за првпат даде изјава за медиумите откако се врати од Шве...
Браво! Српски газда им купил автомобили на најлојалните работници За Милисав Новичиќ луѓето се основата на сè, па затоа своите вработени постојано...
Хит дедото од Хрватска: „Мажот треба да е 10 години помлад од жената, а не обратно“ „Разликата во години не е добра, а ако има, тогаш мажот треба да биде дури и 10 ...
Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттр... Сигурно знаете које Петар Грашо, но дали знаевте дека во последен мимент одлучил...
Првиот сопруг го промени идентитетот и побегна во САД – Бурниот љубовен живот на пејачаката Индира Л... По низата скандали и малверзации го остави првиот сопруг, а тој побегна во САД с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg