Носела пиштол за да го заштити Тито, не можела да му го прости неверството со масерката - Факти за Јованка Броз
- Детали
- сабота, 11 март 2023
Некогаш била прва дама на Југославија дотерана во скапи модели на Dior и Chanel, а починала во беда и сама. Со себе секогаш носела пиштол за да пука ако некој го нападне Маршалот, му ги простила неверствата и вонбрачните деца на сопругот. Дури ни тој, наводно не знаел колку незаконски деца има. Сепак, никогаш не му ја простила аферата со масерката Даријана Грбиќ - факти за Јованка Броз.
Јованка Броз, некогашната прва дама на Југославија, и десет години по нејзината смрт останува голема мистерија за јавноста. Секогаш насмеана пред другите, Јованка живеела тажен и тежок живот како сопруга на Јосип Броз Тито.
Јованка Броз и денес привлекува внимание – од бурниот брак со Маршалот исполнет со неверства и вонбрачните деца, преку епитетот модна икона позната по својата маркантна пунџа, до смртта во беда.
Родена на 7 декември 1924 година во Пеќане, Хрватска како Јованка Будисављевиќ.
Љубовта со Тито почна брзо по нивното запознавање, а тајно се венчаа на 15 април 1952 година. Но помина една и пол година пред Тито јавно да ја претстави како своја жена и прва дама на земјата.
Веста за нивната свадба одекна и во светските медиуми како голема сензација. Тие пишуваа дека Маршалот се оженил со впечатлива жена со бујна црна коса и крупни очи, која е 32 години помлада од него.
„Разликата во години не ни пречи, напротив, убаво се надополнуваме. Во слободно време Тито игра билијард, па и јас го научив тоа од него“ - изјави Јованка во една прилика.
Поради страста на Маршалот за лов, и Јованка научила да пука со пушка, па често го следела кога одел во лов.
Првиот голем скандал меѓу Тито и Јованка се случил 1976 година, на нивното патување во Шри Ланка на 5-тиот „Самит на неврзаните“. Во напад на љубомора, Јованка ја навредила масерката на Тито, Даријана Грбиќ. Тито ѝ удрил шлаканица на својата жена и застанал на страната на љубовницата која била 60 години помлада од него.
„Да имаше пиштол со неа, ќе го убиеше. Стварно се плашевме дека ќе му направи нешто“, напиша подоцна во својата книга Александар Матуновиќ, личниот лекар на Тито.
По ова, Јованка никогаш веќе не отишла на пат во странство со сопругот. Даријана, пак, останала со Тито до крајот на неговиот живот и била со него во болница во Љубљана кога почина.
И покрај скандалот на Шри Ланка, Тито и Јованка заедно ја дочекаа 1977 година во новосадскиот хотел „Парк“ и тука последен пат јавно се бакнале.
Пола година по ова, таа последен пат се појави во јавноста како прва дама, а есента 1977 година е ставена во своевиден домашен притвор, изолирана од сопругот.
Тогашната владејачка гарнитура на Југославија толку се плашела од Јованка, што не ѝ дозволувале да отиде на неговиот погреб. Сепак, добила дозвола последен пат да се прости од Тито, дури откако Индира Ганди се заканила дека нема да дојде, ако таму не е неговата сопруга.
Јованка почина во беда и изолација на 20 октомври 2013 година. Никогаш не доби ништо од наследството на Тито.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





