Најпознатата хрватска тиктокерка: „Ве лажев, не сум добро, имав претешка година“
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
„Ја кријам вистината од вас веќе речиси една година и мислам дека е време конечно да проговорам за сè. Жал ми е што се преправав дека сè е во ред и што лажев дека сум добро. Знам дека ќе ме разберете...“, емотивно вели Мирта Милер, која со талентот за шминкање го освои светот и има 18 милиони следбеници.

Мирта Милер од Хрватска е инфлуенсерка, шминкерка и ТикТок креаторка активна на социјалните мрежи, каде споделува шминкерски видео-туроријали, совети за нега и убавина итн.

На Инстаграм ја следат повеќе од 2.3 милиони луѓе од целиот свет, а нејзините трансформации со шминка се неверојатни.
Taa e најпопуларна тиктокерка во земјата, со дури 18 милиони следбеници, а со своите креативни мејкап трансформации ја освои светската сцена.

Но, во емотивна исповед таа откри дека зад маската на нејзиниот гламурозен живот се одвива тешка битка.

Мирта започнува со зборовите: „Ве лажев една година“, по што објаснува дека 2025 година за неа била една од најтешките години.
Нејзината емотивна исповед:
„Ја кријам вистината од вас веќе речиси една година и мислам дека е време конечно да проговорам за сè.

Пред да почнете да ме осудувате, ве молам да разберете дека ова е многу лично и дека ми е многу тешко да зборувам за ова.

2025 година за мене беше една од најтешките години во животот од многу причини.

Минатата година ги изгубив двете баби во рок од шест месеци. Бев многу блиска со нив и тие жени ме одгледаа.

Тоа беше огромен шок, од очигледни причини, и не се справив со тоа онолку добро колку што мислев дека ќе успеам.
