Најпознатата хрватска тиктокерка: „Ве лажев, не сум добро, имав претешка година“
Тоа ме турна повторно во моето нарушување во исхраната.
Секогаш кога ми се влошува менталното здравје, се бојадисувам во руса.
Минатата година бев руса шест месеци. Мислам дека тоа има врска со тоа што ставам маска и бегам од тоа која навистина сум.
Никогаш не сум зборувала отворено за ова, а особено не јавно, бидејќи ми е срам и се чувствувам поразено.

Во последно време повторно доаѓам при себе и ја враќам својата искра.
Навистина сакам да бидам глас за сите кои поминуваат низ слични ситуации. Тука сум да ви кажам дека не сте луди и дека не треба да се срамите.

Луѓе сте и вашите несовршености ве прават посилни и поубави. Жал ми е што се преправав дека сè е во ред и што лажев дека сум добро.
Знам дека ќе разберете“.

Инаку, Мирта оваа исповед ја објави откако во коментарите под нејзините објави следбениците забележале дека ослабела значително и изразиле сомнеж дека тоа го постигнала со лекот Оземпик.
Дел од нејзините видеа:
С. С. | Црнобело