Секоја чест! Македонски генијалци освоија 4 медали на математичка Олимпијада во Јапонија

„Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина“ - велат од Сојузот на математичари на Македонија. Тие ги пофалија 6-те средношколци кои постигнаа огромен успех на Математичката олимпијада во Јапонија, а на кои е горда цела Македонија. Браво за сите, а особено за Дамјан Давков и златниот медал!

sekoja-chest-makedonski-genijalci-osvoija-4-medali-na-matematichka-olimpijada-vo-japonija-01.jpg

Шест македонски средношколци постигнаа огромен успех на 64. Интернационална математичка олимпијада. Тие освоија четири медали и две пофалници на престижното натпреварување што се одржа во Чиба, Јапонија.

Успехот на македонските математички генијалци го пофалија и од Сојузот на математичари на Македонија, па им посакаа уште поголеми постигнувања во иднина.

Тие на

?ref=embed_post" target="_blank" rel="noopener">Фејсбук објавија фотографија од младите математичари и порака:

„Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех.

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.

Дамјан Давков (златен медал; со освоени 32 поени)

Алексиј Тасиќ (сребрен медал; со освоени 25 поени)

Никола Цветаноски (бронзен медал; со освоени 23 поени)

Никола Спировски (бронзен медал; со освоени 19 поени)

Јан Стојановски (пофалница; со освоени 17 поени)

Бранко Јангеловски (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања“.

?ref=embed_post

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Исидора (10) од Скопје е успешна млада каратистка - Тренира од 5 години, освојува златни медали „Тренирам трипати неделно и до сега не ми се случило да не сакам да одам на трен...
Првиот „женски“ медал на Менделеевата Олимпијада по хемија Денес, 22 април 2026, на 60-тата Меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев, м...
Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година? „Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 3...

Најчитани неделава