Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат Пајдушко, тортата ја сечевме со меч“
По црквената церемонија, продолживме во вилата која беше резервирана за свадбената забава, а која се наоѓа на врв на планина.
За време на забавата имавме традиционална либанска и македонска музика, но и забавна музика за која се погрижи еден од најдобрите диџеи на Либан. За време на вечерата свиреше саксофонист.
Темата на свадбата ни беше патување околу светот, па поканите ги дизајниравме како либански пасош со boarding pass за во авион, а на забавата имаше разни шоуа.
Првото беше со стјуардеси кои ја почнаа забавата како полетување на авион, па имавме сценарија поврзани со културата на Бразил, Мексико, Италија, Шпанија и Индија.
Како дел од забавата беше и мал натпревар во играње оро - Либанците играа нивно оро, а ние игравме 'Пајдушко'.
Имаше моменти кога Либанците се обидуваа да го научат нашето оро, па беше многу забавно да се гледа како 180 Либанци пробуваат да играат 'Пајдушко'.
Атмосферата беше феноменална.
Либанските свадби се навистина гламурозни и тие обрнуваат внимание на секој детаљ, за сè да изгледа совршено.
Воедно, за да има разноликост, покрај храната што се служеше на масите, имаше традиционална храна, која се готвеше пред гостите.
Нашата свадбена торта исто така беше доживување само по себе, беше на 4 ката и декорирана со природно цвеќе, а ние ја сечевме со меч.
Интересно и различно во Либан е тоа што таму нема невестинска маса, туку ние седевме на сите маси по малку.
Нема ни обичај на носење подароци на свадбата, туку неколку дена пред и по свадбата, свадбениот подарок најчесто се дава преку банкарска сметка.
И најубавиот дел го зачував за крај, а тоа е постсвадбеното изненадување од мојот сакан, кој ме разбуди со 201 црвена роза.
Навистина се чувствувам како да сум во рајот, сакам и сум сакана, другото е само додадена вредност на нашата љубов.
Но најбитно е што љубовта и страста меѓу нас е многу силна“.
Повеќе фотографии од свадбата на Драгица и Марк на следната страница...
Би можело да ве интересира:





