20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото езеро во Европа

Во темелите на неколку манастири во Македонија има делови од крстот на кој бил распнат Исус Христос, го имаме и единственото наоѓалиште на рубини во Европа, а рудникот Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот - Колку од овие факти за нашата земја ви се познати?

20-interesni-fakti-za-makedonija-prvata-zooloshka-gradina-na-balkanot-e-izgradena-vo-skopje-cuvame-del-od-krstot-na-koj-e-raspnat-isus-imame-najmnogu-planini-vo-svetot-i-najdlabokoto-ezero-na-balkanot-01.jpg

Македонија, нашата мала, но прекрасна земја, богата со историја, легенди и чуда на природата, но во трката со времето и обврските како и да забораваме колку нашата татковина е вредна и полна со чудесии.

Во минатото Македонија имала стратешка позиција поради нејзината географска положба, па поради тоа еден од најпознатите римски патишта поминува низ неа.

Природните богатства ја ставаат Македонија на списокот на земји со најмногу планини, а го имаме и најстарото езеро во Европа.

Плодната македонска почва го раѓа најсилниот опиум, а македонските рудници кријат многу тајни и ретки и вредни природни елементи и скапоцености.

Античките Македонци биле интелигентен народ, па затоа кај нас постои и една од најстарите опсерватории низ светот. Многу светци поминале низ Македонија и оставиле силни докази за културата и историјата.

Издвојуваме 20 мошне интересни факти за Македонија кои веруваме дека сите треба да ги знаеме.

Во Македонија има дел од крстот на кој е распнат Исус

Во темелите на манастирите „Св. Јован Бигорски“, „Св. Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица и во кичевскиот манастир „Св. Богородица Пречиста“ има делови од крстот на кој бил распнат Исус Христос.

Низ Македонија поминува Виа Игнација, најславниот од сите римски патишта

Виа Игнација е римска магистрала направена околу 146 г.п.н.е. Името го носи по нејзиниот градител, Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија.

Магистралата се простирала преку Илирија, Македонија и Тракија, односно поминува низ денешна Албанија, Македонија, Грција и Турција.

Направена е со цел да поврзат јадранските колонии со Византиум. Таа била и еден од 28-те римски патишта кои се простирале низ Римското Царство.

Во Македонија се наоѓа најстарото езеро во Европа

Нашата мала земја изобилува со природни богатства.

На територијата на Македонија има 53 природни и вештачки езера.

Охридското Езеро е најстарото во Европа, а најдлабоко на Балканот.

Охридското Eзеро е старо четири милиони години, во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност.

Во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха

Според истражувањата на археолозите и геолозите, животот на македонска територија е забележан уште во Плиоцентот.

Тоа го потврдуваат коските пронајдени во околината на Неготино.

Се претпоставува дека овие коски му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години.

Исто така, на територијата на Егејска Македонија, во пештера во близина на Солун, во 1981-ва година година бил најден т.н. Череп од Петралона, за кој се смета дека е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30.000 – 100.000 години старост.

Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.

Македонија има една од најстарите зоолошки градини на Балканот

Првата зоолошка градина на Балканот е изградена во Скопје во 1926 година.

Во тоа време таа се простирала на само четири хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок од зоолошките градини низ Европа.

Во Македонија е изградена првата железничка пруга на Балканот

Салоника – Скопје е првата железничка пруга која е изградена во 19-от век.

Линијата која ги поврзува Солун и Скопје е пуштена во употреба на 9 август 1873 година.

Следната година била продолжена до Косовска Митровица, а од 1888 година се употребувала линија Белград-Скопје-Солун.

Охридскиот Чинар е најстаро дрво во Македонија

Дрвото Platanus orientalis во Охрид, познато како „Чинарот“ е најстарото дрво во Македонија.

Расте од времето на Св. Климент Охридски – 9 век.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава