Иван Јованов за CRNOBELO за врската со Ивана: „Потајно посакував да добијам ќерка, свадба ќе правиме по раѓањето на бебето“

„Јас и Ивана сме заедно повеќе од една година. Се запознавме случајно во Охрид, од каде што е таа. Ме освои нејзината спонтаност и постојаност, многу е забавна, постојано насмеана и секогаш успева да ме смири“, вели пејачот Иван Јованов за CRNOBELO.com и ни откри детали за љубовта со саканата.

ivan-jovanov-za-crnobelo-potajno-posakuvav-da-dobijam-kjerka-svadba-kje-pravime-po-razhanjeto-na-bebeto-01.jpg

Пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов неодамна откри дека наскоро ќе стане татко.

За врската со Ивана од Охрид знаеја само најблиските на парот, па веста дека е заљубен и чека бебе, ја изненади јавноста.

Музичарот и неговата сакана направија забава за откривање на полот на бебето и дознаа дека наскоро ќе добијат ќерка.

ivan-jovanov-za-crnobelo-potajno-posakuvav-da-dobijam-kjerka-svadba-kje-pravime-po-razhanjeto-na-bebeto-04.jpg

Иван не ја крие среќата, а во разговор за CRNOBELO.com раскажа детали за нивната љубовна приказна:

„Јас и Ивана сме заедно повеќе од една година. Се запознавме случајно во Охрид, од каде што е таа.

Се освоивме меѓусебно, едноставно се случи. Не можам со сигурност да кажам кој прв почна да освојува кого, но, ете, за среќа завршивме заедно.

Ивана е многу мила, не е оптоварена со мојата професија, знае до каде може да оди и ме поддржува во сѐ што правам. Искрено, ме освои нејзината спонтаност и постојаност, многу е забавна, постојано насмеана и секогаш успева да ме смири.

Иако не е дел од естрадниот свет, таа многу добро се носи со пишувањето во медиумите. Едноставно, не им обрнува внимание на написите затоа што знае дека секој треба да си ја работи својата работа и тука нема никакви замерки“.

ivan-jovanov-za-crnobelo-potajno-posakuvav-da-dobijam-kjerka-svadba-kje-pravime-po-razhanjeto-na-bebeto-03_copy.jpg

На прашањето дали е среќен што ќе добие ќерка или, можеби тајно посакувал син, Иван вели:

„Еднакво ќе се израдував и на син и на ќерка, иако мислам дека девојчињата се нешто навистина многу убаво за еден татко.

И морам да признаам дека потајно посакував да е ќерка. Само нека е жива и здрава, сѐ друго ќе си дојде само по себе.

За свадба ќе почекаме да се роди прво нашата принцеза, а за сѐ останато ќе бидете известени на време“.

ivan-jovanov-za-crnobelo-potajno-posakuvav-da-dobijam-kjerka-svadba-kje-pravime-po-razhanjeto-na-bebeto-02_copy.jpg

Прочитајте и Иван Јованов, по врската со Антониа Гиговска, очекува дете со новата девојка - направи забава за откривање на полот

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...

Најчитани неделава