Ламбе Алабаковски крадел штици од напуштени куќи, Дани Димитровска месечарела: Кои се детските тајни на познатите Македонци?

Агнеса Органџиева

Како мала бев многу темпераментна и луда. Адреналин имав 24/7 и во денот ако не направев некоја глупост не бев жива.

Поради тие мои глупости, татко ми нонстоп ме караше и „јадев ќотек“. Велеше: ’сакав машко дете ама не вакво лудо‘.

И секогаш кога ќе се случеше некој таков момент, за да не ме кара, јас бегав во паркот спроти мојот дом и бев качена на едно дрво. Тоа ми беше страст – качувањето на дрва.  Секое мое качување одев повисоко.

И така сè до последниот пат, кога ја направив последната беља, а имав 15 години. Имав тешка сообраќајка со веспа кај тогашен McDonalds во Тафталиџе. Моторциклот го дадов на другарката да вози, а јас бев зад неа.

Но, наместо да закочи, таа даде гас. Летавме од автомобил на автомобил како на флипери. Дојде брза помош и сеир ни фатија 100 луѓе.

И додека се возев во возилото на Итна помош, се сеќавам дека кажав како првпат се возам во него и дека е ’голем филинг‘.

Сè уште имам белег на ногата, но за среќа, само на тоа заврши, само ми ја преврзаа ногата и ме вратија дома.

Татко ми кога разбра, веднаш дојде дома, и додека го чекав многу се исплашив. И тогаш од страв се качив на највисоката гранка на дрвото, а татко ми стоеше долу и ме молеше да се симнам со солзи во очите зошто гледал од долу каде сум.

Ветуваше дека нема да ме кара. А јас кога видов каде сум, и дека газам на многу тенка гранка најгоре на дрвото, бев најсреќна.

Тогаш го посакував тоа, да се качам еден ден на последната гранка.

Се симнав полека и од тој ден се сменив – не бев веќе машко девојче туку се претворив во млада дама.

lambe-alabakovski-kradel-shtici-od-napushteni-kukji-dani-dimitrovska-mesecharela-koi-se-detskite-tajni-na-poznatite-makedonci-035.jpg

Игор Стефановски - Иџе

Многу тајни немам, јас сум човек кој е отворен и кој секогаш си кажува на глас што мисли.

А што се однесува до тајните од детството, не знам, потсвесно во главата секогаш ми биле трките. И кога сум бил дете, мислите дефинитивно ми биле таму, ете да бидам шампион, да бидам најдобар.

Неодамна во куќата кај што живеевме на Водно неодамна најдов куфер каде што сум ги чувал работите од детството, постери што сум сечел, детски работи – и сè тоа е поврзано со трките.

И на некои книги и тефтери, каде што сум лепел исечоци од возачи на формула 1 и рели, со мојот детски ракопис, кој денес не можам ни да го препознаам сум пишал „Иџе шампион“.

Тоа ми побуди емоции, бидејќи се вратив на најраната возраст кога мечтаев да сум ова што сум денес.

Тоа е најверојатно мојата тајна – желба од дете да бидам најдобар во делот на трките.

lambe-alabakovski-kradel-shtici-od-napushteni-kukji-dani-dimitrovska-mesecharela-koi-se-detskite-tajni-na-poznatite-makedonci-12.jpg

Кристина Димитри

Толку многу луди работи сме правеле и најмногу биле заедно со брат ми.

Ние и денес сме истите деца, само со животно искуство.

Секој ден си играме јас, син ми Давид и брат ми и не се знае кој е помал од нас.

А што се однесува до тајните ова го криев долго: кога ќе се скарав со некој од моите родители, со некоја тетка, баба, секогаш им пишував писмо и го оставав на нивната перница.

Не можев да спијам со фактот дека некого од саканите сум разочарала на некој начин.

lambe-alabakovski-kradel-shtici-od-napushteni-kukji-dani-dimitrovska-mesecharela-koi-se-detskite-tajni-na-poznatite-makedonci-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg