Агнеса Органџиева го прослави 40-тиот роденден со стил - Огномет, луксузна вечера и стотина рози

„Ми беше забрането да влезам во делот каде што требаше да се одржува забавата. Во еден момент сакав да се ‘шмугнам’ ама ме застанаа пред влезот и ми рекоа: 'Агнеса, ќе те замолиме да се повлечеш, во 21:00 часот вратата ќе биде отворена за тебе'. И си се повлеков“, вели Агнеса Органџиева и раскажа детали за прославата на роденденот.

agnesa-organdjieva-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-stil-ognomet-luksuzna-vechera-i-stotina-rozi-01_1.jpg

Агнеса Органџиева на 1 декември наполни 40 години, а неколку дена подоцна го прослави јубилејниот роденден во стил, со забава во Кавадарци.

Гости ѝ беа само најблиските другарки од детството и членовите на семејството.

agnesa-organdjieva-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-stil-ognomet-luksuzna-vechera-i-stotina-rozi-02_1.jpg

А, на забавата имаше сè - торта со розови рози, скап шампањ, луксузно уредена просторија само за роденденската прослава, но и огномет, кој за неа го организираат од комплексот каде што го славеше роденденот.

И неколку дена по роденденот, Агнеса не крие дека сè уште е под импресии од забавата.

agnesa-organdjieva-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-stil-ognomet-luksuzna-vechera-i-stotina-rozi-03.jpg

Таа за CRNOBELO.com откри неколку детали од прославата:

„Мојата јубилејна 40-ка, хмм. Мене животот допрва ми започнува. Што да кажам, освен дека беше совршено.

Цела организација на забавата беше од комплексот ‘Моклиште’ што се наоѓа во Кавадарци. И верувајте, сè беше изненадување. Ништо не знаев.

agnesa-organdjieva-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-stil-ognomet-luksuzna-vechera-i-stotina-rozi-04.jpg

Уште кога пристигнав, еден ден пред прославата, ме пречекаа со букети цвеќе и торта.

Трите дена таму ми беа исполнети со многу изненадувања.

agnesa-organdjieva-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-stil-ognomet-luksuzna-vechera-i-stotina-rozi-07.jpg

Во саботата (02.12) ми беше забрането да влезам во делот каде што требаше да се одржува забавата.

Во еден момент сакав да се ‘шмугнам’ ама ме застанаа ‘батки’ пред влезот и ми рекоа: 'Агнеса, ќе те замолиме да се повлечеш, во 21:00 часот вратата ќе биде отворена за тебе'. И, си се повлеков.

agnesa-organdjieva-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-stil-ognomet-luksuzna-vechera-i-stotina-rozi-05.jpg

До секој детаљ, до секоја боја на роза - сè било осмислено и организирано.

Тортата ја направија во самиот ресторан, па смислиле дури и како ќе ја донесат до мене.

Ни ја послужија со Moet, па потоа носеа уште еден, уште еден...

Сè беше перфектно, дури и чиниите беа подредени во иста линија до сантиметар.

agnesa-organdjieva-go-proslavi-40-tiot-rodenden-so-stil-ognomet-luksuzna-vechera-i-stotina-rozi-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Секоја чест! Михајло од Скопје 5 дена се обидуваше да спаси кученце од опасно место - и успеа во тоа „Четврти ден е во тек акција за спасување на кученце кое влегло (не знам како) в...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Симона Поповска го прослави 31-иот роденден во бело, со двата сина во раце: „Првпат славам со две пр... „Благословена сум што го славам мојот прв роденден со овие две прекрасни момчиња...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило... „Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека...
Маријана и Росана слават роденден, едната во Македонија, другата во Австралија: „Ах, да можам да те ... „Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, моја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg