Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“

„Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, не ми се брои години. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината...“, пишува Никола Перевски Пере на својот роденден.

nikola-perevski-pere-denes-mi-e-rodenden-ne-te-slavam-ne-mi-se-pee-deca-izgorea-vo-pesnata-01.jpg

Никола Перевски Пере од Нокаут денес (24.03) има роденден, но вели дека не му е ниту до славење, ниту до броење години, ниту до песна среде оваа трагедија која Македонија ја живее.

Неговата објава по тој повод гласи:

РОДЕНДЕН

„Денес ми е роденден.
Се сеќавам.

Не те славам.

Ова не е објава,
туку белег со неколку реда
што ме болат.

Не ми се пие и пее,
не ми се брои
години.

Децата изгореа во песната,
музичарите паднаа на бината.

Како ноти што никогаш
не добиваат рефрен.

Некои си отидоа
пеејќи.

Други со рацете на жиците.
Сцената ги прегрна
мајка како што не пушта и
кога знае дека губи.

Денес ми е роденден.
но нема што да посакувам.

Освен да го вратат времето
или барем
да престане да пече“.

Никола Перевски

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...

Најчитани неделава