Весна Петрушевска Бејби за насилната смрт на Вања: „Зборуваме за злосторниците, а никој не праша како е мајката“

„Во целата оваа колективна траума заборавивме на мајката на Вања и на нејзината сестричка“ – нагласува Весна Петрушевска Бејби. Таа како мајка чиешто дете било жртва на насилство, објави видео во кое се обиде да укаже на неколку важни прашања поврзани со пренесувањето на вестите поврзани со убиството на Вања.

vesna-petrushevska-bejbi-mnogu-zboruvame-za-zlostornicite-a-nikoj-ne-prasha-kako-e-majkata-na-vanja-01.jpg

Нашата актерка Весна Петрушевска Бејби на својот Инстаграм профил објави подолго видео во кое зборува за колективната траума со којашто се соочуваме како општество, по насилната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Весна на самиот почеток, нагласи дека заедно со дечињата од нејзиното драмско студио биле да запалат свеќа во Дебар Маало и да ѝ укажат почит на младата скопјанка, чијшто живот прерано згасна, а потоа се осврна на големиот број информации и дезинформации што се шират во медиумите.

„Во целата оваа колективна траума заборавивме на мајката на Вања и на нејзината сестричка“ – вели таа и нагласува дека од сигурни извори дознала дека најблиските на девојчето не се во добра здравствена состојба.

vesna-petrushevska-bejbi-mnogu-zboruvame-za-zlostornicite-a-nikoj-ne-prasha-kako-e-majkata-na-vanja-03.jpg

Како мајка, која исто така имала трауматично искуство и чијашто ќерка била жртва на педофилски напад, Весна се обиде да укаже и да покаже дека во целата ситуација не смееме да заборавиме и да имаме повеќе емпатија кон тоа како се чувствуваат најблиските на младата Вања.

„Многу зборуваме за злосторниците и да, така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство, во овој случај тие се директни жртви на насилство, нејзината мајка и нејзината сестричка. Само сакам да ви укажам дека треба да размислите пред што било да објавите или да коментирате. Да размислите на овие две невини суштества чијашто тага во овој момент е немерлива, нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна.

Прашањето што се поставува е - што ние како општество, ние како луѓе, ќе направиме за да му помогнеме на ова семејство? Затоа што не се виновни. Жртвата никогаш не е виновна и не треба да ги заборавиме.

Сега сите зборуваме за камерите, за цитроенот, за прес конференцијата, ама никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка. Тоа е поразот наш, и тоа е она што нас ќе нè зафркава во овој животен век. Не сум сигурна дали оставаме добар свет за оние генерации коишто доаѓаат“ – вели Весна.

vesna-petrushevska-bejbi-mnogu-zboruvame-za-zlostornicite-a-nikoj-ne-prasha-kako-e-majkata-na-vanja-02.jpg

Со цел да укаже на тоа како се чувствува мајката на Вања, Весна накратко се осврна и на своето трауматично искуство, кога нејзината ќеркичка Мина беше жртва на напад од педофил.

Како што вели, таа веќе 13 години не може да спие како последица на пострауматскиот стрес, по немилиот настан.

„Кога мене ми се случи тоа со Мина, јас и ден-денeс ја имам траума од гаражата. На Мина веројатно ќе ѝ остане таа гаража цел живот, а камоли ова... Ние немаме развиено систем како да им помогнеме на жртвите од насилство. Ние немаме како да им помогнеме на овие луѓе.

Се работи за девојче со здравствени проблеми, имаме мајка која го загубила своето чедо, но ние не разговараме на овие теми. Ние се бавиме дали овој пеш го фатиле во Турција“ – вели таа.

vesna-petrushevska-bejbi-mnogu-zboruvame-za-zlostornicite-a-nikoj-ne-prasha-kako-e-majkata-na-vanja-04.jpg

Весна нагласи дека повторувањето на деталите од убиството е и само траума за семејството.

„Можете ли да замислите како му е на семејството. Јас не можам, можам само да претпоставам - затоа што е страшно“ – вели таа.

Погледнете го во продолжение видеото на Весна:

https://www.instagram.com/p/C0iHtUGow0t/

Прочитајте и Проф. д-р. Марија Ралева за траумите кај децата по насилната смрт на Вања: „Тагувањето е процес на исцелување, што може да се очекува?“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Бејби емотивна на годишнината од смртта на татко ѝ: „Те сакам до вечноста и назад“ „9-ти декември, денот кога се пресече еден дел од мене. Две години без тебе тато...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Весна Петрушевска: „Се сеќавам како мојата ќерка беше 'булирана' по траумата за која не беше виновна... „Ја отпишав ќерка ми од тоа училиште затоа што родителите на булерите (насилници...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg