„Научете ги децата дека не треба да му се смеат на детето кое носи исти чевли секој ден“ - Наставник од Прилеп со моќна порака

„Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека на училиште оди за да УЧИ, НЕ за да се натпреварува“ – вели во својата објава наставникот од Прилеп, Гоце Бумбароски, и уште еднаш ги поттикна родителите да разговараат со своите деца, затоа што воспитувањето започнува од дома.

nauchete-gi-decata-deka-ne-treba-da-mu-se-smeat-na-deteto-koe-nosi-isti-chevli-sekoj-den-nastavnik-od-prilep-so-mokjna-poraka-01.jpg

Поранешниот наставник Гоце Бумбароски од прилепското основно училиште „Кочо Рацин“, пред почетокот на второто полугодие, на својот Фејсбук профил упати моќна порака до сите родители чиишто деца денес (22.01) повторно се вратија во училишните клупи.

Бумбароски, кој е познат по тоа што јавно зборува за сите проблеми во образовниот процес и често коментира за начинот на којшто децата денес се однесуваат во училиште, во краток статус на социјалните мрежи, се потруди да им посочи на родителите на кои клучни работи треба да внимаваат и за што треба да разговараат со сопствените деца.

Во продолжение целиот статус:

„Утре започнува второто полугодие.

Седнете со вашето дете и објаснете му дека да се биде многу високо, ниско, дебело, слабо не е причина за смеење…

Или дали ученикот носи очила или исти чевли секој ден.

Објаснете му на вашето дете дека стариот ранец ги носи истите соништа како и новиот.

Ве молам научете го вашето дете да не исклучува никого затоа што е сиромашен или 'различен'.

Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека на училиште оди за да УЧИ, НЕ за да се натпреварува.

Сите имаме еднаква вредност.

Воспитувањето започнува од дома!“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да н... „Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа з...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Гоце Тодоровски (74) стави тетоважа - Ангелски крилја по изјавата дека тајна за успешен брак е „да и... „Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровс...
Гоце Тодоровски (75) е во болница - Пешки се враќал кон дома, поради сонцето му се слошило и лошо па... „Гоце веќе неколку дена е хоспитализиран. Додека пеш се враќал кон дома, поради ...
Родителите му починале кога бил млад, имал проблеми со коцкање - Кој е Бојан Илиевски, победникот на... „Имав грдо минато, но тоа е веќе минато. Тоа е зад мене благодарение на мојот ме...
Мандар се пожали: „Ми бараа изнуда на пари, 1.500 евра, а реков рекет не плаќам, по сè што ми се слу... „Сум рекол дека рекет и изнуда нема никогаш во животот да платам и да дадам, пог...

Најчитани неделава