Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајката на бебето херој Петра: „Помина една година од операцијата – цевчето во нејзиното мозоче значи живот“

„Денес е една година од операцијата на Петра, дали знаевте дека децата кои ја имаат дијагнозата хидроцефалус во првата година знаат да имаат и до 15 операции поради проблем со работата на шантот или инфекција?“ – вели Маја Ристовска од Скопје, мајка на бебето Петра, кое се родило во 30-тата недела од бременоста.

majkata-na-bebeto-heroj-petra-pomina-edna-godina-od-operacijata-na-mozokot-zaedno-mozheme-se-da-prebrodime-01.jpg

Петра Ристовска од Скопје е бебе-херој. Родена во 30-тата недела, таа мораше да се бори со клиничка сепса, крвавење на мозочето, хидроцефалус предизвикан од крвавењето, а потоа мораше да има и операција за да ѝ се вгради шант, што ќе помогне да се извади вишокот вода од мозочето.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-20.jpg

Сега, Петра е здраво бебе, а по повод една година од операцијата, нејзината мајка,  Маја Ристовска, објави емотивен статус на нејзиниот Инстаграм профил, со кој се обиде да ја поткрене свеста за хидроцефалусот како состојба, но и упати емотивна порака до својата ќеркичка.

Во продолжение ви ја пренесуваме пораката на Маја во целост:

„Денес е една година од операцијата на Петра, дали знаевте дека децата кои ја имаат дијагнозата хидроцефалус во првата година знаат да имаат и до 15 операции поради проблем со работата на шантот или инфекција?

Не знаев ни јас,ама со секој ден колку повеќе го продлабочувам моето знаење за оваа состојба читам работи кои мислам дека се премногу за толку мали души,а и за родителите кои го носат целиот товар.

Јас сум благодарна на Бога што немаше потреба од дополнителна операција и што Петра е супер и шантот работи како што треба.

Тоа цевче и тоа апаратче во главчето на Петра значи живот, нормален живот кој сега го има во секој поглед.

majkata-na-bebeto-heroj-petra-pomina-edna-godina-od-operacijata-na-mozokot-zaedno-mozheme-se-da-prebrodime-02.jpg

Петра мајкина, продолжи на сите да им докажуваш дека и невозможното може да е возможно, покажи им како се бориш со насмевка на лицето, јас секогаш ќе ти бидам ветер во грбот,твоето засолниште каде што засекогаш ќе можеш да се засолниш, знам дека животот ќе ти дава повторно предизвици и битки за освојување,ама не се грижи, мама е тука, заедно како и до сега можеме се да поминеме и пребродиме.

Те сакам Петра, хероино моја најубава.“

Инаку, Маја во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com зборуваше за тешката борба што ја поминале со Петра во првите неколку месеци од нејзиниот живот.

Целото интервју со Маја може да го прочитате ТУКА.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Сведоштво од скопска болница: „Млада медицинска сестра седеше да теши мајка на пациент - девојче ти ... „Пред Градска болница седи мајка, исплакала и солзи, не може вода да пие, да збо...
Ивона Јо направи операција за отстранување на вишокот кожа - објави брутално искрено видео Четири години по скратувањето на желудникот, Ивона Јо вчера направи операција за...
Дизајнерката Ивана Кнез со емотивна објава за мајка ѝ: „И кога работеше во погон, беше дотерана – не... „Не е ниту до работното место ниту до финансиите, до волјата и желбата за живот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg