Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска култура

Што да правите додека сте во Скопје според The Times?

„Посетете го Градскиот музеј во старата железничка станица, каде што часовниците сè уште го паметат разорниот земјотрес што се случи во 5:17 часот наутро на 26 јули 1963 година.

Поминете до Музејот на македонската борба каде се наоѓаат восочни фигури кои го опишуваат патот на земјата до независноста, а потоа разгледајте ги блескавите наоди во Археолошкиот музеј.

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-05_copy.jpg

Посетете ја тврдината Кале за да ја почувствувате историјата под вашите нозе и да прошетате по внатрешните ѕидови, од каде има одличен поглед на големиот град.

Ѕирнете во блиската Мустафа-пашина џамија од 15-тиот век, најголемата во Скопје, па спуштете се во Старата чаршија, каде ќе најдете кафулиња во тесните улички и продавници од кои светкаат фини филиграни.

Тргнете во спротивна насока на течението на реката Вардар за да стигнете до Градскиот парк, место со бројни дрвореди, мостови и „водни патишта“ кои минуваат низ најголемиот јавен парк во Македонија.

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-08.jpg

Упатете се кон прекрасниот кањон Матка со вештачкото езеро, длабоки пештери и средновековни манастири.

Изнајмете кајак за веслање или тргнете со брод да ги видите пештерите полни со сталактити, или движете се цик-цак по патеката вдлабена во карпите. Тргнете со автобусот број 60 од станица или возете се околу 30 минути со такси за околу 1.000 денари во еден правец.

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-03.jpg

Качете се во автобусот број 25 и стигнете до жичницата на планината Водно, од каде за кратко ќе стигнете со гондола до врвот. Таму, на 1.066m, во сенката на Милениумскиот крст, пешачете по патеките или уживајте во погледот на градот од птичја перспектива.

Ѕирнете во амамот од 15-тиот век во кој сега се наоѓа Националната галерија на Македонија.

Додека нејзината современа колекција ги прикажува делата на најпознатите уметници во земјата, сепак, во оваа поранешна бања, 'шоуто го крадат' впечатливите варосани ѕидови, камените засводени тавани и куполите со ѕвездички“, пишува во статијата.

skopje-e-sovrshena-proletna-destinacija-spored-the-times-fascinanten-grad-so-bogata-gastronomska-kultura-07.jpg

Авторот има и препораки за локали за ручек, кафе или вечерно излегување на пијалак, дополнети со некои цени, како и предлог хотели во кои може да се сместат оние што ќе посакаат да го посетат Скопје, а да бидат во (близина на) центарот на градот.

А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава