CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци?

Мартин Мојсоски (доктор по естетска медицина)

crnobelo-anketa-koi-se-najvazhnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-05.jpg

Мартин Мојсоски е доктор по естетска медицина, кој речиси секојдневно соработува со жени и им помага да си ја вратат самодовербата и да се подмладат.

Тој е посветен татко и сопруг, а за читателите на CRNOBELO.com откри кои биле најважните жени во неговиот живот кои му дале насока и му помогнале да стане тоа што е денес:

1. Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Кога завршив медицински факултет, бев во голема дилема за изборот на мојата специјалност и како се гледам понатаму на професионално поле.

Најдобриот совет којшто тогаш ми требаше, дојде во вистинскиот момент: „Остани уметник!“

И секако, беше од жена.

2. Кога би имале можност да се заблагодарите на која било жена во вашиот живот, од минатото или сегашноста, која би била таа и што би ѝ рекле?

Благодарен сум на мојата сопруга за нашата посебна љубов и безрезервната поддршка.

Благодарам на мојата мајка за нејзиното прекрасно мајчинство.

Ѝ благодарам на мојата сестра за нејзиното другарство.

Секоја жена во мојот живот има посебно место и заслужува огромна благодарност!

3. Која е една вештина или особина на која најмногу се восхитувате кај жените?

Восхитувачки е дуалитетот на силни и бестрашни, а во исто време нежни и грижливи.

Нивната едноставност која некогаш изгледа комплицирано. А, и нивната комплицираност која, ако ја разбереш, е многу едноставна.

Жарко Димоски (актер)

crnobelo-anketa-koi-se-najvazhnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-06.jpg

Актерот Жарко Димоски исто така најде време за да ни одговори на три прашања и да ни открие кои се жените што го инспирираат и му биле најголема поддршка во животот.

Но, мора да признаеме дека неговиот одговор за тоа на која жена е најмногу благодарен во прв миг ни изгледаше малку неочекуван.

1. Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Животот е збир на совети од луѓе кои учеле на свое искуство…

Впрочем тоа е еден од најдобрите совети што сум ги добил…

„Кога ќе паднеш стани и продолжи, учи на грешките свои и со верба во Бог радувај се на животот“.

2. Кога би имале можност да се заблагодарите на која било жена во вашиот живот, од минатото или сегашноста, која би била таа и што би ѝ рекле?

Би се заблагодарил на Коко Шанел затоа што има кажано: „За да си незаменлив, мора да си различен” - вистина.

И, секако, во таа низа влегуваат мајка ми и баба ми, како жени без кои немаше да бидам она што сум и никогаш немаше да ја запознаам жената на мојот живот, а тоа е мојата сопруга.

3. Која е една вештина или особина на која најмногу се восхитувате кај жените?

Храброста и исконската убавина што жените ја носат во себе.

Нивната светлина без која овој свет би бил само обичен и ладен подрум.

Зоки Давитков (фризер)

crnobelo-anketa-koi-se-najvazhnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-07.jpg

Македонскиот фризер Зоки Давитков стои зад стајлинзите на голем број познати Македонки, а благодарение на своите магични раце тој успеа да изгради успешна кариера и да стане мошне познат во својата работа.

Тој накратко одговори на анкетата на CRNOBELO.com:

1. Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Секогаш да останам свој, посебен и приземен без оглед на успехот во животот, тоа ми е совет од секоја жена која ме запознала и ми останала верна клиентка во тек на сите овие години работно искуство...

2. Кога би имале можност да се заблагодарите на која било жена во вашиот живот, од минатото или сегашноста, која би била таа и што би ѝ рекле?

Благодарност до мајка ми што ме родила, што ми се посветила, што била за мене жртва секогаш и уште е таква без оглед на мојата возраст, мојот успех и животот што го живеам денес…

Мислам дека тоа е единствената жена на која прво би ѝ се заблагодарил од срце и најискрено!

3. Која е една вештина или особина на која најмногу се восхитувате кај жените?

Па не знам дали е вештина или особина, но сепак жената како жена мислам дека секаде многу полесно може да се снајде.

Со шармот, убавината и женственоста знаат како да ги освојат сите, така што имаат олеснителни околности во секој поглед во однос на мажите каде и да се појават.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg