Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката

Пејачот Иван Јованов вчера (26.03) стана татко - неговата сопруга Ивана на свет донесе девојче, кое доби уникатно име. 

ivan-jovanov-stana-tatko-so-soprugata-i-dadoa-unikatno-ime-na-kjerkata-01.jpg

Иван Јованов, пејачот на „Либеро бенд“, стана татко. Неговата сопруга Ивана вчеравечер роди девојче. За ќерката Иван и Ивана избраа уникатно име - Ниа.

Веста дека станал татко прво ја објавија пријателите на Иван, пејачките Барбара Поповиќ и Мартија Станојковиќ и водителот Никола Трпковски, а потоа и Иван на Инстаграм Стори сподели неколку честитки за раѓањето на ќерката.

ivan-jovanov-stana-tatko-so-soprugata-i-dadoa-unikatno-ime-na-kjerkata-07.jpg

ivan-jovanov-stana-tatko-so-soprugata-i-dadoa-unikatno-ime-na-kjerkata-06.jpg

Претходно, во интервју за CRNOBELO.com, тој раскажа за тоа колку е возбуден што наскоро ќе стане татко.

Иван тогаш кажа дека доколку има можност, би сакал да биде со Ивана во породилната сала.

ivan-jovanov-stana-tatko-so-soprugata-i-dadoa-unikatno-ime-na-kjerkata-02.jpg

ivan-jovanov-stana-tatko-so-soprugata-i-dadoa-unikatno-ime-na-kjerkata-10.jpg

„Доколку се создадат услови за тоа, секако дека ќе присуствувам на несекојдневниот чин и ќе го споделам тој најсреќен миг со Ивана.

Искрено, едвај го чекам мигот кога тој мал ангел ќе го земам во моите раце. Само да е живо и здраво, а девојчињата се принцези на татковците“, ни кажа тогаш Иван.

ivan-jovanov-stana-tatko-so-soprugata-i-dadoa-unikatno-ime-na-kjerkata-09.jpg

Тогаш откри и дека прво ќе направат мекици за бебето, а дури потоа ќе ја планираат свадбата со Ивана.

Прочитајте и Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Иван Јованов, по врската со Антониа Гиговска, очекува дете со новата девојка - направи забава за отк... Иван Јованов, вокалистот од „Либеро Бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има...
Ивана Кнез се пожали какви коментари добива: „Мора да е боцкана, има ставено уста, нема шанси да нем... „Мит: Mора да е бар малку боцкана, ставана ѝ е уста, шанса нема да е природна. Ф...
Ивана Кнез: „Нè учат да се плашиме од живот – пази што јадеш, пази со кого се дружиш, пази, пази...“ „Во ‘новиот свет’ нè учат да се плашиме од живот. Пази што јадеш, миј раце, вежб...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg