Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кучето Чопер по кое трагаа скопјани се врати кај сопственикот – купил автомобил за да го однесе во Германија

Турист од Германија вдомил бездомно куче кое три месеци го чувал во Скопје. Но, неколку дена пред да се врати дома, кучето се изгубило. За среќа, кучето е пронајдено, а сопственикот купил и автомобил само за да може да го однесе во својата земја.

kucheto-choper-po-koe-tragaa-skopjani-se-vrati-kaj-sopstvenicite-kupile-avtomobil-za-da-go-odnesat-vo-germanija-01.jpg

Приказната за кучето Чопер, која има среќен крај, сигурно ќе измами насмевка на вашето лице.

Чопер и дечкото од Германија што го вдоми, поминаа неколкудневна голгота откако кучето беше изгубено, но со помошта на скопјани, тоа е вратено назад.

Пред неколку дена, на Фејсбук групата „Миленичиња“ имаше објава за изгубено куче во Скопје од девојка по име Луис, која привремено го чувала кучето на Филип Ву додека тој бил во Германија, пред да дојде да го земе.

„Здраво, си го изгубив кучето. Последен пат е видено кај Holiday Inn 18:30 часот.

Носи зелено и сино каивче. Ве молам пиеше ми доколку го видите или најдете“.

bezdomnoto-kuche-choper-po-koe-tragaa-skopjani-se-vrati-kaj-sopstvenicite-kupile-avtomobil-za-da-go-odnesat-vo-germanija-06.jpg

Слични објави имаше и наредните неколку дена, а во една од објавите, девојката нагласува дека има уште три дена во Скопје и мора да го најде кучето пред да ја напушти државата.

Потоа, на Инстаграм беше споделено видео од јутјубер од Германија кој со Луис е дојден во Македонија.

Во видеото, тој кажува дека со девојката заедно го бараат кучето и дека мора да го најдат што побрзо, бидејќи тој треба да оди во Германија и сака да го понесе кучето со себе.

„Ако сте од Скопје, Македонија, или знаете некого од Скопје, ми треба вашата помош. Пред три месеца го најдовме ова улично куче кое почна да нè следи наоколу. Одлучив да оставам малку храна за него и се врати следниот ден.

Постепено почна да доаѓа секој ден за храна. И, еден ден, се чувствуваше доволно удобно за да влезе во нашиот апартман. Беше лудо. Секојпат кога заминувавме, тоа нè чекаше.

На нашиот нов пријател му го дадовме името Чопер“, раскажува тој во видеото.

bezdomnoto-kuche-choper-po-koe-tragaa-skopjani-se-vrati-kaj-sopstvenicite-kupile-avtomobil-za-da-go-odnesat-vo-germanija-07.jpg

Јутјуберот открива дека во период од три месеци, правел план како да го спаси од улица и потоа да го понесе со себе во Германија.

Најпрво планот им бил тој да отиде во Германија, да купи автомобил, да го регистрира, да го осигури и да вози до Македонија.

Па, со автомобилот да го однесе Чопер во Германија.

bezdomnoto-kuche-choper-po-koe-tragaa-skopjani-se-vrati-kaj-sopstvenicite-kupile-avtomobil-za-da-go-odnesat-vo-germanija-05.jpg

Тој отишол во Германија и го оставил кучето кај пријателката Луис. Но, додека се враќал кон Македонија, пријателката му кажала дека Чопер се изгубил.

Со девојката почнале да објавуваат во разни Фејсбук групи, а лепеле и летоци низ Скопје.

Приказната почна да се споделува вирално, а беше објавена и во македонскиот медиум meta.mk, од каде сега откриваат дека кучето е најдено.

Имено, семејство од Шуто Оризари стапило во контакт со нивната редакција изјавувајќи дека го нашле кучето.

Испратиле и фотографии, а кога туристите се увериле дека е кучето, отишле да го земат.

bezdomnoto-kuche-choper-po-koe-tragaa-skopjani-se-vrati-kaj-sopstvenicite-kupile-avtomobil-za-da-go-odnesat-vo-germanija-02.jpg

Девојката Луис ги сподели убавите вести на Фејсбук групата „Миленичиња“ со неколку фотки од средбата.

„Чопер се врати дома! Само сакав да кажам благодарам што заедницата ни помогна да го најдеме Чопер! Сите беа неверојатни“, стои во описот.

bezdomnoto-kuche-choper-po-koe-tragaa-skopjani-se-vrati-kaj-sopstvenicite-kupile-avtomobil-za-da-go-odnesat-vo-germanija-03.jpg

bezdomnoto-kuche-choper-po-koe-tragaa-skopjani-se-vrati-kaj-sopstvenicite-kupile-avtomobil-za-da-go-odnesat-vo-germanija-04.jpg

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Која е прекрасната девојка на братот на Даниел Кајмакоски? (фото) Taa e прекрасна оперска певица, родена во Белград, која живее во Австрија, исто ...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg