Почина таткото на Тоше Проески - Ќерката Дора се прости со емотивна фотографија: „Нека ти е светол патот“

Дора Проеска, постарата сестра на Тоше, објави емотивна фотографија на која нејзиниот брат се прегрнува со татко им Никола и откри дека тој починал, 16 години по смртта на Тоше.

pochina-tatkoto-na-toshe-proeski-kjerkata-dora-so-emotivna-fotografija-se-prosti-od-nego-neka-ti-e-svetol-patot-01.jpg

Денеска (02.05) почина Никола Проески, таткото на Тоше. Веста за неговата смрт ја објави Дора, постарата сестра на Тоше.

Таа од својот татко се прости со емотивна фотографија, на која тој е прегрнат со Тоше. Фотографијата е направена на еден од последните концерти на Проески.

„Светол патот татко мој“, напиша таа на Фејсбук.

pochina-tatkoto-na-toshe-proeski-kjerkata-dora-so-emotivna-fotografija-se-prosti-od-nego-neka-ti-e-svetol-patot-03.jpg

„Многи љубов има на оваа фотографија“, „Сега повторно ќе биде со неговиот ангел“, „Човекот сé би дал уште еднаш да ги гушне оние кои се преселиле во вечноста“, се дел од коментарите.

16299455_1284388144988062_3359162028161579739_n.jpg

Никола почина 16 години по смртта на неговиот син. Откако Тоше загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, родителите на Тоше живееја повлечено, никогаш не се појавуваа во јавноста и не присуствуваа на ниту еден настан организиран во чест на нивниот починат син.

 

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...

Најчитани неделава