Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок во состојбата

Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собрани за 1 ден – д-р Лазаров соопшти дека има мал напредок кај детето, но битката продолжува. Уште еден доказ дека овој народ е хуман.

ushte-edna-dobra-vest-parite-za-mateo-2-od-skopje-se-sobrani-za-24-chasa-kaj-deteto-ima-napredok-vo-sostojbata-01.jpg

Деновиве на социјалните мрежи се споделуваше апел за собирање средства за лекување на Матео од Скопје.

Станува збор за 2-годишно дете, кое по краток престој во приватна болница во Скопје, итно е пренесено и хоспитализирано во болница во Србија, под дијагноза Syndroma haemolyticouaremica D 59.

Ова е болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите.

На платформата за собирање средства ЕCrowd, беше поставена кампања со цел да се соберат 1 милион денари, односно околу 15.000 евра кои им биле побарани на семејството за лекување.

ushte-edna-dobra-vest-parite-za-mateo-2-od-skopje-se-sobrani-za-24-chasa-kaj-deteto-ima-napredok-vo-sostojbata-02.jpg

Д-р Ненад Лазаров, кој е дел од тимот на платформата, сподели дека бараните средства се собрани за 1 ден, но бидејќи во најновиот документ со детална пресметка од болницата се бараат 18.000 евра, кампањата е уште отворена.

„Луѓе мои, ги собравме засега потребните средства за Матео во износ 1.000.000 денари за 24 часа, големо срце има овој народ.

Сите кои дониравте, споделивте, нè поддржавте, треба да сте горди, ова е уште еден позитивен случај!

Истовремено сакам да знаете дека кај детето има напредок, чекор по чекор но има напредок“ – напиша тој во Фејсбук објава.

ushte-edna-dobra-vest-parite-za-mateo-2-od-skopje-se-sobrani-za-24-chasa-kaj-deteto-ima-napredok-vo-sostojbata-00.jpg

На Матео му посакуваме успешна борба од која ќе излезе како победник, а се надеваме дека нашиот народ ќе остане секогаш сплотен во моменти кога треба да се направи добро дело и да се спаси живот. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава