Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Елена од гевгелиско вдоми уште еден штрк: „Деца со стапови го тепале, морав да го спасам“

„Вториот штрк го најдов прегладнет и многу жеден. За среќа моја пријателка го заштитила во дворот бидејќи деца го мавале со стапови“ – вели за CRNOBELO.com Елена Алексовска од гевгелиско која минатата година вдоми штрк, а сега ја раскажува неверојатната приказна како спасила уште една ваква птица.

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-01.jpg

Елена Алексовска од гевгелиско, повеќе од година и половина се грижи за повреден штрк, кому му го даде името Мишко, а сега на социјалните мрежи се пофали дека во нивното семејство има уште еден член, односно дека вдомила уште еден штрк.

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-13.jpgДвата штрка во домот на Елена

За CRNOBELO.com Елена ја раскажа приказната како успеала да го спаси и вториот штрк, кој овојпат не бил нападнат од неговите родители, туку од несовесни деца кои се изживувале со него.

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-02.jpgЕлена со штркот Мишко

Вчерашниот ден (02.07) Елена ќе го помни долго, затоа што, како што ни раскажа била излезена од дома, кога нејзината пријателка Љубица ѝ се јавила и ѝ рекла да дојде побрзо кај неа затоа што таму дошол нејзиниот штрк.

Пријателката, на која Елена ѝ е бескрајно благодарна, го задржала штркот во дворот со цел да го заштити од несовесните дечиња кои го мавале со стапови.

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-07.jpgНовиот штрк во домот на Елена, непосредно откако го спасила

Елена вели дека првично била збунета од повикот на пријателката, затоа што нејзиниот штрк Мишко вообичаено не се оддалечува толку многу од својот дом, но сепак отишла да види што се случува.

„И така отидов до Љубица, ама во дворот го немаше штркот, иако пријателката се потрудила да го заштити во нејзиниот двор бидејќи деца со стапови го мавале, и така си тргнав кон дома, па таа беше разочарана...

Но, на само 10 метра од нејзината куќа го здогледав штркот и веднаш го зедов дома кај мене.

Тој беше прегладнет и многу жеден“ – раскажува медицинската сестра во пензија...

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-04.jpgШтркот Мишко

Вели дека новиот штрк не бил повреден, за среќа, но бил извалкан во кал и истоштен, а многу е веројатно дека станува збор за млада птица која се испилила оваа пролет.

Таа со нас сподели неколку фотографии на кои се гледа дека во моментов двата штрка се заедно во нејзиниот двор, а како што напомена, ќе биде упорна со цел тие да се социјализираат и да се дружат.

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-12.jpgНовиот штрк - избањат и нахранет

Ова воедно беше и една од најголемите желби на оваа гевгеличанка, која уште пред неколку месеци ни појасни дека е решена на штркот Мишко да му најде друштво за да не биде постојано сам, затоа што е познато дека овие птици секогаш одат во парови.

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-09.jpgНовиот штрк во домот на Елена, непосредно откако го спасила

Тогаш Мишко беше прегледан од ветеринар, а Елена во изјава за CRNOBELO.com нагласи:

„Ветеринарот констатира дека штркот е здрав, добро нахранет, со добро живеалиште, опкружен со љубов од мачките и трите кучиња. Само би сакала да вдомам уште еден штрк за да има друштво“.

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-11.jpgНовиот штрк - избањат и нахранет

Погледнете уште неколку фотографии од двата штрка во домот на Елена:

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-03.jpg

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-12_copy.jpg

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-06.jpg

elena-od-gevgelisko-vdomi-ushte-eden-shtrk-deca-so-stapovi-go-tepale-morav-da-go-spasam-05.jpg

За тоа како Елена почнала да го чува штркот Мишко и како го спасила од родителите кои го исклукале прочитајте повеќе ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg