Адријан Гаџа е пример како се сака и цени мајка: „Среќен роденден моја Супер Мајко“
- Детали
- петок, 23 август 2024
Тој постојано ја нарекува мајка си „супер мајка“, па така беше и годинава на нејзиниот роденден. Адријан Гаџа едноставно знае како да покаже почит кон најважната жена во неговиот живот.

Адријан Гаџа секоја година на емотивен начин ѝ го честита роденденот на мајка си, па така беше и годинава (22.08).

Тој повторно упати низа комплименти на нејзина сметка и покажа како се сака и цени мајка.
„Среќен роденден моја Супер Мајко, ти си најхрабрата и највредната личност што ја знам. Те сакам и ти посакувам одлично здравје.“
Гаџа постојано зборува за одличниот однос кој го има со неа, како една од најважните жени во неговиот живот, но тие совршено соработуваат и на поле бизнис и заеднички се грижат за нивниот ресторан во Скопје.

Адријан има и брат – познатиот виолинист Дритон Гаџа.



С. С. | Црнобело