Славчо Попоски, метеоролог: „До крајот на септември, температури и до 30 степени Целзиусови“

„Следната седмица можете да уживате во 'мини летото' кое се очекува кај нас“, вели Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-do-krajot-na-septemvri-temperaturi-i-do-30-stepeni-celziusovi-01.jpg

По неколкуте врнежливи и постудени денови, се чини дека есента сепак ќе ја дочекаме со повисоки температури.

До крајот на месецот се очекува значително потопло време, кое може да продолжи и во октомври.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„По долгиот период на невообичаено студено време за месец септември, кое беше проследено со чести врнежи, а го донесе и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија, во периодот од 23 септември, па сè до 30 септември, ни следува период на значително потопло време преку ден и со температури кои повторно ќе бидат малку над просекот за овој период од годината.

Секако, токму ова ќе биде и проследено со претежно стабилно и суво време со многу сончеви периоди.

Краткотрајна промена на времето очекуваме вечерта на 24 септември и во среда (25 септември), кога од запад, над нашата територија ќе помине еден влажен воздушен бран кој ќе ни донесе повремени врнежи од дожд.

Но, сепак, како што кажав, сето ова ќе биде краткотрајно, па така од четврток повторно времето ќе се стабилизира и ќе имаме многу сончеви периоди.

slavcho-poposki-meteorolog-do-krajot-na-septemvri-temperaturi-i-do-30-stepeni-celziusovi02.JPG

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени Целзиусови, а само во почетокот на следната седмица ќе биде значително постудено кога температурите, особено во беровскиот регион и на високите планински места, наутро ќе се спуштаат и под 5 степени Целзиусови.

Преку ден во текот на следната седмица, како што напомнав, ќе биде многу потопло за разлика од сега, кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени Целзиусови

Во централните и во југоисточните предели, особено во втората половина од следната седмица, како и за време на следниот викенд, температурите ќе се искачат и над 30 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-do-krajot-na-septemvri-temperaturi-i-do-30-stepeni-celziusovi03.JPG

Сè на сè, следната седмица можете да уживате во 'мини летото' кое се очекува кај нас и, секако, барем според она што можам моментално да го кажам, тоа ќе продолжи и во првата седмица од месец октомври.

Мора да напомнам дека во делови од Централна и Западна Европа, во истиот период кога кај нас очекуваме 'мини лето', повторно очекуваме потпросечни температури и многу почести и пообилни врнежи.

Исто така повеќе врнежи во тој период ќе има на северен Балкан, како и долж јадранското приморје“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се сним... „Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, б...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...

Најчитани неделава