Едина Муса вежба со тежина: „Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест“

Едина Муса и во 21-та недела од бременоста не сопира со тренинзите со тежина. „Лежењето во кревет, јадењето за двајца и честото консумирање нездрава храна со изговор дека детето ви го бара тоа, се навистина погрешни навики“, вели таа.

edina-musa-vezhba-so-tezhina-vo-21-ta-nedela-od-bremenosta-video-01.jpg

Едина Муса, персонален тренер и поранешна кошаркарка, периодов ужива во бременоста.

Таа е во 21-та недела од бременоста, но тоа не ја спречува интензивно да вежба со тежина, секако прилагодено според моменталната состојба.

Со своите објави на социјалните мрежи ги инспирира и другите трудници дека физичката активност во бременоста е препорачлива и дека има низа придобивки.

edina-musa-vezhba-so-tezhina-vo-21-ta-nedela-od-bremenosta-video-02.jpg

Едина објави видео на кое вежба и вели:

„Лежењето во кревет, јадењето за двајца и честото консумирање нездрава храна со изговор дека детето ви го бара тоа, се навистина погрешни навики.

Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест – бремената жена не е болна жена. Всушност, носењето на два живота во едно тело е СУПЕРМОЌ!

Кога гледате трудници како безбедно вежбаат, важно е да разберете дека тоа не е само за нивното здравје, туку и за здравјето на бебето.

Бебињата родени од мајки кои вежбале за време на бременоста имаат:
- зголемени поттикнувања на мозокот и ендорфини;
- напреден невроразвој при раѓањето;
- нивните срца се посилни и поздрави благодарение на подобрениот проток на крв.

Од друга страна, жените кои редовно вежбаат за време на бременоста имаат:
- пократок и помалку стресен пораѓај,
- како и помалку случаи на хипертензија и ниска родилна тежина.

21 недела од 2 срца во едно тело.

@edinamusa10

Being a woman is a superpower👊🏻 21 week into pregnancy

♬ original sound - edinamusa10

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса (33) се пофали, 10 месеци по породувањето: „За ова тело се погрижив јас“ Едина Муса, една од најубавите познати Македонки, си потстрижа шишки, се врати н...
„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Едина Муса со синот во Берово, Катарина Ивановска со активистката Грета Тунберг: Што прават македонс... Мартинијан Кириловски со девојката позира на зајдисонце на Тасос, Дритон Вејсели...
Едина Муса со нови семејни фотки: Мачка спие прегрнат со синот, таа тврди дека Максим е нејзина копи... „Дека сите викавте дека Максим личел на татко му“, напиша Едина, па објави ...
Илина Арсова со плускавци на рацете, Едина Муса му благодари на Бог за благословите: Што прават наши... Се сеќавате ли на Маргарита Христова, која ги отпеа „Љуби ме“ и „Долга ноќ“? И д...

Најчитани неделава