Миа Костова го прослави 40-тиот роденден со забава во бохо стил, бел дрес код и торта на три ката
- Детали
- четврток, 10 октомври 2024
За роденденската забава Миа избра бел фустан со реси, гол грб и кафеави каубојски чизми, косата напред ѝ беше собрана во плетенки, а на главата носеше украсен додаток.

Миа Костова вчера (09.10) наполни 40 години, а роденденот го прослави со голема забава во познат скопски клуб.

Забавата не беше само за неа, туку и за Тијана, која пред неколку дена наполни 29 години.

Темата на роденденската забава на двете славенички беше „бохо“, а дрес кодот беше во бела боја.

Па така, за забавата Миа избра бел фустан со реси, гол грб и кафеави каубојски чизми. Косата напред ѝ беше собрана во плетенки и на главата носеше украсен додаток.
Тијана, пак, избра бели панталони и кошула.

Во бохо стил беше украсен и просторот во кој се случуваше забавата - пампаси на тркалезните маси, украсни свеќи, бели декорации и калинки во чинијата на секој гостин, во знак на добредојде.

Миа цела вечер се забавуваше, танцуваше со гостите, дури и се качи на пултот на диџејот.
Качена на столче, таа ги дувна и свеќичките на роденденската торта.

На роденденската забавата имаше околу 60 гости, најблиските пријатели и роднини на Миа и Тијана.
Меѓу подароците што ги доби Миа беше и уметничка слика со нејзиниот лик.

Погледнете повеќе фотографии од роденденската забава:



