Емакулате - Кенијката од нашите ТВ екрани: „Си дадов отказ од работата учителка и станав водителка“

„Најтежок дел ми е изговорот на некои зборови на македонски јазик, бидејќи сакам сè да звучи разбирливо за моите гости, но со секоја емисија станувам сè подобра“, вели Емакулате Вандера Блажеска, девојка од Кенија, која се пресели во Македонија во име на љубовта.

emakulate-afroamerikankata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-01.jpg

Емакулате Вандера Блажеска e девојка од Кенија која љубовта ја доведе во Македонија. Oд 2018 година живее во Скопје со својот сопруг Михајло, со кого ја има и ќеркичката Дариа.

Веќе имаме разговарано со неа за тоа кои ѝ беа првите впечатоци за Македонија и како ѝ изгледа животот во Скопје (прочитајте ТУКА), но потоа со своите забавни видеа таа стана ѕвезда на социјалните мрежи, а сега веќе ја гледаме и во улога на водителка на нашите ТВ екрани.

Таа има своја рубрика во STARS ТВ шоуто.

За нејзината нова улога на водителка, Емакулате открива за CRNOBELO.com:

„Искрено, отсекогаш сум имала желба да бидам водителка или да работам нешто што е поврзано со шоу бизнисот, но некако тргнав по друг пат во кариерата и станав учителка, секако и моите родители имаа улога во тоа.

Нормално дека ја сакав мојата работа како учителка, но длабоко во мене чувствував дека тоа можеби не е за мене.

emakulate-afroamerikankata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-04.jpg

И така, пред една година, решив да се откажам од работата како учителка и да зачекорам по нов пат во мојот живот. Иако и претходно бев активна на социјалните медиуми, во тој миг решив целосно да се посветам на тоа.

И така еден ден Ивана Јанковска, авторот на Stars ТВ шоуто ме исконтактира на Инстаграм и рече дека има предлог за мене.

emakulate-afroamerikankata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-03.jpg

Прво, помислив дека сака да ме повика како гостинка во нејзиното шоу, но откако се сретнавме на кафе таа ми објасни дека би сакала јас да бидам дел од нејзиниот тим, и да имам своја рубрика „Во длабокото со Ем“, каде што моја улога е на гостите да им поставувам прашања кои често се многу интересни и навлегуваат ‘во длабокото’ и знаат да бидат и малку незгодни.

И премногу сум ѝ благодарна што виде потенцијал во мене и што ми веруваше.

emakulate-kenijkata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-05.jpeg

На почетокот бев навистина нервозна, бидејќи не знаев како моите Македонци ќе ме прифатат во таа улога, да бидам првата ТВ водителка во Македонија со црна боја на кожата.

Но, како и секогаш тие ме прифатија прекрасно, добив и сè уште добивам прекрасни пораки со поддршка и премногу сум им благодарна за тоа.

emakulate-afroamerikankata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-09.jpg

Работата во шоуто може да ја опишам како забавна, но и малку тешка, посебно во делот каде се борам со мојот македонски.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Силна порака од Македонка за Кочани: „Украсете ги елките - нека ве потсетат дека божиќната радост пр... „Божиќните дрвца останаа во подрумите. Кога секој лампион ќе те потсети на ...
Наша стјуардеса за напуштањето на Дубаи: „Со авионски лет отпатував за Бали, но застанавме да полним... „Летот беше половина празен, сè беше во ред, освен тоа што требаше да застанеме ...
Калтрина Круезиу блеска на роденденот - Како бел лебед преку ден, сексапилна на вечерна забава (фото... „Некои работи стануваат подобри со времето. Ја славам жената што станав и магија...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Александра Шијакоска емотивна за првиот роденден на синчето Риан: „Мама се бореше со животот само за... „Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg