Силна порака од Македонка за Кочани: „Украсете ги елките - нека ве потсетат дека божиќната радост први ја објавиле ангелите“

„Божиќните дрвца останаа во подрумите. Кога секој лампион ќе те потсети на убавите мигови, на радоста на твоето дете додека минатите години заедно ја кителе елката - веќе не сакаш ни да ја видиш“. 

silna-poraka-od-makedonka-za-kochani-ukrasete-gi-elkite-neka-ve-potsetat-deka-bozhikjnata-radost-prvi-ja-objavile-angelite-01.jpg

Писателката и поетеса Билјана Андоновска, на Фејсбук објави песна која ја посвети на Кочани, градот во кој се случи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, кога пожарот во дискотеката „Пулс“ однесе 63 животи.

Таа на Фејсбук напиша дека песната со наслов „За радост на Ангелите“ е посветена на Кочани, градот на ангелите.

silna-poraka-od-makedonka-za-kochani-ukrasete-gi-elkite-neka-ve-potsetat-deka-bozhikjnata-radost-prvi-ja-objavile-angelite-02.jpg

Во песната, со многу емоции, таа напиша:

„За радост на Ангелите“

Во еден мал град се случи голема несреќа.

Улиците беа празни и пусти.

Божиќните дрвца – елките – останаа во подрумите.

Кога секој лампион ќе те потсети на убавите мигови,

на радоста на твоето дете

додека минатите години заедно ја кителе елката,

веќе не сакаш ни да ја видиш.

Оние кои не ја почувствуваа несреќата на себе полека почнаа да го забораваат градот и она што се случи.

А од домовите облечени во црнина често се слушаа болни крикови.

Тага. Осаменост. Болка.

По телевизиите имаше многу музика и многу празнични филмови,

а малиот град тивко тонеше во тага.

Во едно од училиштата,

учителката го привршуваше последниот час пред зимскиот распуст.

Учениците беа подготвени за божиќната приредба.

Иако испрати покана до сите семејства завиени во црнина, не очекуваше дека ќе дојдат.

Но полека, училишниот двор почна да се полни.

silna-poraka-od-makedonka-za-kochani-ukrasete-gi-elkite-neka-ve-potsetat-deka-bozhikjnata-radost-prvi-ja-objavile-angelite-03.jpg

Учителката излезе и тивко рече: 

„Јас и моите ученици многу ве сакаме. 

А денес, заедно, ќе ја испратиме нашата љубов и нашите желби кон небото.

Во животот доаѓаат моменти на радост, но и моменти на тага.

На здравје, но и на болест. И сето тоа поминува.

Но единствениот билет за вечната радост е љубовта. 

А кога ќе се вратите во вашите домови, украсете ги вашите елки. 

Од сега па натаму, нека не бидат само новогодишни елки, 

туку божиќни дрвца што ќе ве потсетуваат 

дека првите кои ја објавуваат божиќната радост се ангелите.

А ангелите сакаат и сите ние да учествуваме во таа поинаква радост – 

радост што светли и во најтемните делови на човечката болка…“

Стотина балони со желби засветлија над градот што со месеци беше покриен со темнина. 

До Божиќ, веќе во домовите повторно светкаа сијаличките на божиќните дрвца. За радост на Ангелите!

Погледнете ја Фејсбук објавата ТУКА.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мила Арсовска со исповед: „На 2 години ме прегази воз – дел од стапалото ми е ампутирано, никој не з... „Возот помина преку мене, вагон по вагон, оставајќи ме да се борам да преживеам....
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Антониа Гиговска: „Психички бев лошо по породувањето - имав притисок во глава дека не сум добра мајк... „Поминував низ стварно тежок период, добивав безброј коментари дека кариерата се...

Најчитани неделава