61-годишна пациентка го роди своето прво бебе, Петар, на ГАК во Скопје: „Не постојат повеќе граници во медицината“

„Оваа мајка-херој како што ја нарекуваме е прва која е останата бремена со сопствена јајце-клетка, која што било претходно замрзната, добила ин-витро третман во нашата држава, цела бременост била следена во нашата држава и раѓањето е извршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство“ - изјави директорката на ГАК, Ирена Алексиовска Папестиев. 

61-godishna-pacientka-go-rodi-svoeto-prvo-bebe-petar-na-gak-vo-skopje-ne-postojat-povekje-granici-vo-medicinata-01_copy.jpg

Уште една позитивна вест од светот на медицината во Македонија - 61-годишна пациентка за првпат стана мајка, а се породила на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. 

Таа е највозрасната пациентка која се породила во земјава, а на свет донесе момче, кое го крстила Петар. 

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев, даде изјава за медиумите по повод породувањето на највозрасната пациентка во Македонија.

„Почитувани, дека во светот на медицината не постојат повеќе граници и дека медицината во Македонија може да се мери со онаа во светски граници, говори раѓањето на бебето Петар, коешто на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава.

Оваа пациентка е прва која е останата бремена со сопствена јајце-клетка, којашто била претходно замрзната, којашто добила ин-витро третман во нашата држава, цела бременост била следена во нашата држава и раѓањето е извршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

61-godishna-pacientka-go-rodi-svoeto-prvo-bebe-petar-na-gak-vo-skopje-ne-postojat-povekje-granici-vo-medicinata-02.jpgфото: Фејсбук

Кај пациентката направивме царски рез во 36 гестациска недела и истата роди плод, Петар, кој беше тежок 2.350 грама и 48cm долг.

Оперативниот тек помина уредно, со оглед на тоа што оваа мајка херој, како што ја нарековме, имала богато гинеколошко и акушерско минато.

Пациентката имала 3 претходни интервенции, од кои 2 во Белград, една на нашата институција и понатаму, во тек на бременост којашто била контролирана, имала висок притисок и шеќерна болест“ - гласи дел од изјавата на директорката Алексиовска Папестиев“. 

М. М.| Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg