Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна на Маја Оџаклиевска

„Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити со вода зашто немало пари за млеко. За мојот внук Лука се грижев 5 години бидејќи мојата ќерка не можеше да го издржи тоа и замина, но сега ѝ го предадов и ѝ реков дека не можам повеќе“ - Маја Оџаклиевска низ годините повеќепати си ја има отворено душата за својот тежок живот, а моментално живее сама во куќа на село. 

se-mazhela-12-pati-go-vrati-vnukot-so-autizam-kaj-majka-mu-i-zhivee-sama-na-selo-zhivotnata-prikazna-na-maja-odjaklievska-01.jpg

Нашата легендарна пејачка, Маја Оџаклиевска, е родена во Скопје, но уште во младоста се има преселено во Белград, каде живееше до неодамна, кога реши градот да го замени за село во околината.

Со својата музичка кариера Маја е добропозната и за македонската и за српската јавност, а нејзината „Многу солзи исплакав“ засекогаш ќе остане женска химна.

se-mazhela-12-pati-go-vrati-vnukot-so-autizam-kaj-majka-mu-i-zhivee-sama-na-selo-zhivotnata-prikazna-na-maja-odjaklievska-05.jpg

Но, таа не го крие ниту својот приватен живот, а низ годините се има соочено со многу тешки предизвици и судбината воопшто ја нема поштедено од мака.

Маја е мајка на ќерките Теа и Андреа, за кои се грижела сама, а има признаено дека за да ги одгледа морало да се снаоѓа како знае и умее, иако имало денови кога немало ниту што да јадат.

Теа одамна си заминала од Белград, додека пак, синот Лука го оставила кај нејзината мајка. Другата другата ќерка Андреа живее со својот сопруг и нивниот син, а на социјалните мрежи често објавува семејни моменти со мајка си. 

Младост, борба за пари и семеен живот

„Не се омажив за таткото на постарата ќерка Теа, затоа што тогаш не бев заинтересирна за тоа. Не сакав да готвам ручеци и да водам таков живот.

Но, за таткото на Андреа, се омажив, на негово инсистирање. Се венчавме, но тоа траеше кратко. Со таткото на Теа се дружев до пред одреден период, додека не почина.

А, со таткото на Андреа, кој има сопруга и две деца, често одам на ручек кога ќе дојдат во Белград. Со никого не сум се разделила на лош начин“ – изјавила своевремено Маја за српските медиуми.

За работата, браковите и внукот Лука, прочитајте повеќе на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg