Каде е и што прави денес Угро?

„Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум на брод, на кој има 6.000 луѓе. Да се работи на брод е тешко и стресно, но едновремено и убаво и релаксирано“, вели Никола Угриновски Угро (51) за CRNOBELO.com.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-001.jpg

Никола Угриновски Угро е име кое ни враќа спомени на најубавите денови кои ги живееше македонската музичка естрада во 90-тите години.

Сигурно и вие се сеќавате на неговите песни „Шест броја“, „Фраер од пелени“, „Знам дека си ти“, „Кажи ДА“...

Уникатен и свој, тој остави силен печат на нашата музичка сцена.

Денес, Угро има 51 години, татко е на две ќерки и повеќе не се занимава со музика.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-02.jpg

Повеќе од една деценија работи на брод, а неговите ќерки живеат во Скопје со мајка им, каде тој се враќа по секој 6-месечен договор на брод.

Вели дека тие се единствената причина поради која доаѓа во Македонија.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-10.jpg

Го контактиравме Угро, го потсетивме на старите добри времиња, но и го запрашавме каде е и што прави денес.

Угро за CRNOBELO.com вели:

„Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Нормално, не беше сè сјајно и тогаш, но сепак беше убаво.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-03_copy.jpgфото: Фејсбук

Мозокот некако си знае како да ги потисне негативните работи и во сеќавање да ни ги остави позитивните.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-21.jpg

Искрено, не знам точно колку песни издадов, и соло песни и соработки. Бев млад и блесав и штом дојдеше некоја идеја, веднаш снимав.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-11.jpg

Музиката не е воз на шини, на креативноста не можете да ѝ составите распоред во телефонот, па како чувствував - така правев.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-08.jpg

Инаку, да одберам омилена песна не можам, затоа што тоа е како на родител да му кажете да одбере омилено дете.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-04.jpg

Моментално сум на брод, на кој има 6.000. Работам на бродот „Norwegian Viva“.

kade-e-i-shto-pravi-denes-ugro-20.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg