Маринела и Борче живеат во Цирих, а тој ја запроси на јахта во Дубаи - на место со спектакуларен поглед
Прстенот е вистинско ремек-дело – многу нежен и елегантен, со голем дијамантски камен во средината и ситни дијаманти околу самиот прстен. Совршено го отсликува мојот стил и вкус.
Иако го бирал сам, знаел точно што сакам, што само покажува колку добро ме познава. Кога го стави на мојата рака, ми прилегаше совршено и го направи моментот уште поволшебен.
Прстенот го криел толку вешто што ништо не забележав. Немав ни најмала идеја дека се подготвува за овој момент.
Подоцна ми призна дека бил возбуден и дека внимателно го планирал секој детаљ за да биде совршено.
По запросувањето, прво им кажавме на нашите фамилии и најблиските пријатели, кои беа пресреќни за нас.
Сѐ уште сме во почетната фаза на планирање на свадбата, но знаеме дека сакаме да биде ден исполнет со љубов, радост и моменти кои ќе ги паметиме цел живот“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





