Ана Брзанова на 18 години се избори со ракот, на 21 стана мис, на 25 работи како финансиски приправик во Белград
- Детали
- вторник, 04 февруари 2025
„На 17 години ми беше дијагностициран Хочкин лимфом, трет стадиум, но колку и да ми беше најтешкиот предизвик, најболна борба и пеколен период, јас сум најгорда на себе за тоа што ја освоив битката и сум победник“, вели Ана Брзанова за CRNOBELO.com по повод 4-ти февруари, Денот на ракот. Таа досега била дел од 12 избори за убавина и го живее својот сон.
Ана Брзанова, која утре (05.02) полни 25 години, на само 18 години се соочи со дијагнозата рак и најтешката животна битка, но се избори храбро и сега го живее својот сон.
Таа на 21 година стана Мис на Македонија, а сега живее и работи во Белград во сферата на финансиите, поточно работи како финансиски приправник (Accounts Payable).
„На 17 години ми беше дијагностициран Хочкин лимфом, трет стадиум, но бидејќи лимфните жлезди ги има низ целото тело, операција освен за анализа немаше за нешто друго, па така целата надеж беше хемотерапијата.
Јас ги имав сите можни негативни ефекти, а најмал проблем ми беше губењето на косата и носењето перика“, искрено раскажа инспиративната Ана Брзанова за CRNOBELO.com во интервју во 2021 година. Taa во тој период ja претставуваше Македонија на изборот за убавина Miss Earth.
Сега, ја исконтактиравме Ана по повод 4-ти февруари - Денот на ракот, а таа за битката која ја оставила зад себе за CRNOBELO.com вели:
„Колку и да ми беше најтешкиот предизвик, најболна борба и пеколен период, јас сум најгорда на себе за тоа што ја освоив битката и сум победник.
Не е кажано за џабе после дождот доаѓа сонце.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





