Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во венчаница

Целата венчална церемонија беше извонредна и прекрасна највеќе поради тоа што имавме огромна поддршка и неизмерна помош од нашите фамилии и пријатели, а уште повеќе поради тоа што бевме опкружени со скоро сите наши луѓе кои ни значат и се огромен дел од нашите животи, луѓе што ја делат нашата пасија и заљубеност во планините и зимските спортови.

jelena-i-filip-se-venchaa-na-ski-staza-vo-mavrovo-06.jpg

По завршување на формалниот дел од церемонијата, потпишувањето, објавувањето на законски склучениот брак и честитките искажани од фамилиите и пријателите, најпрво поминавме низ уште еден коридор (овој пат формиран од пријатели) кои ги држеа ски стапчињата над нашите глави, за потоа да застанеме зад ратракот, каде сите заедно, во еден здив, почнавме со спуштање по падините на Маврово држејќи запалени сигнални стапчиња – бакли.

jelena-i-filip-se-venchaa-na-ski-staza-vo-mavrovo-25.jpg

Јас, секако, скијав облечена во невестинскиот фустан, чувството беше прекрасно, уживав во секој момент.

jelena-i-filip-se-venchaa-na-ski-staza-vo-mavrovo-33.jpg

За жал дента не нè почести со сонце, но имавме доволно снег и поволни услови за скијање, што беше и повеќе од доволно за да го прославиме овој ден како што ни беше замислен.

jelena-i-filip-se-venchaa-na-ski-staza-vo-mavrovo-18.jpg

И секако, после цел еден ваков исцрпувачки ден и настан, прославата се пресели во нашиот омилен ресторан „Мавровски Мерак“, каде што продолживме да прославуваме и да се веселиме, а се тоа пропратено со извонредна храна и убаво вино.

jelena-i-filip-se-venchaa-na-ski-staza-vo-mavrovo-22.jpg

И јас и мојот сопруг Филип успеавме да ја организираме и изведеме свадбата од нашите соништа, а со помошта и поддршката што ја добивме од фамилиите и пријателите, целото ова искуство излезе уште поубаво од она што го замислувавме и го имавме како идеја.

jelena-i-filip-se-venchaa-na-ski-staza-vo-mavrovo-26.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава