Приказна со среќен крај: Гордана, која го крена цело Скопје на нозе, го пронајде своето исчезнато куче Зои

Вчера ми се јави дете, во 13 часот на мобилниот, 3 пати за 10 минути дека ја видел Зои, и дали ќе му дадам пари (потоа пред родителите негираше).

Ми се слоши, колабирав, пред еден пет шоп. Повика Брза помош газдата на пет шопот, шеќерот и притисокот ми беа ниски, па ме однесоа во болница.

Затоа и објавив фотографии и за во полиција, како доказ, дека треба да ја забрзаат постапката, дека 24/7 ми ѕвони мобилниот, ме вознемируваат.

prikazna-so-srekjen-kraj-gordana-koja-go-krena-celo-skopje-na-noze-go-pronajde-svoeto-ischeznato-kuche-zoi-04.jpg

Одлучив адвокат да побарам, преку групите, со докази од телефонски броеви, извештаи лекарски за побрзо да се најде Зои.

Во 18 часот од скриен број на Вибер добив фотографија од кутре, како Зои. Кога ја видов Зои, не ми се веруваше. И веднаш ми испрати локација, мапа каде била 2-3 дена гледана.

Локација во Усје, накај Драчево, зад огромна куќа, па шупа, па тревник со ограда. Бидејќи не знаев сама да се снајдам, сопругот болен, синот на работа, со таксист, отидовме да бараме по мапата, една врата железна отворена, лае кутре, темно, светло нема, и повикав Зоииии и тука се појави милото исплашено, слабо...

Се тресе ладно, смрзнато, во таксито и дома.

Ете така, Господ ги слушна нашите и вашите молитви, сите заедно несебично, со хуманост, пожртвуваност, да успееме да спасиме, невино, мало кутре.

Уште еднаш се извинувам, што веднаш не ви кажав, како се случи Слободата на Зои.

На крајот пак ќе кажам: Бескрајна благодарност на сите добри луѓе, кои 13 дена се вложија, максимално за слободата на Зои, зошто без вас немаше да успееме. Да сте живи, здрави, и секогаш вака да останеме сплотени, хумани и во тага и во радост“.

Зои сега е среќна дома:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава