Васил Зафирчев за родниот град: „Спомен куќата на Рацин ми е меѓу омилените места во Велес“

„Новиот и стариот мост, малото мовче и железен мост се дел од мостовите во Велес, заради кои градот за време на османлиското владеење бил наречен Ќупурли или Град на мостови“ - вели актерот Васил Зафирчев во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.

vasil-zafirchev-za-rodniot-grad-spomen-kukjata-na-racin-i-ezeroto-mladost-mi-se-megju-omilenite-mesta-01.jpg

Актерот Васил Зафирчев долги години живее на релација Велес-Скопје.

Работата со театарот и снимањата често го води во неговиот роден град, каде што поминал убаво детство и дел од својата младост.

vasil-zafirchev-za-rodniot-grad-spomen-kukjata-na-racin-i-ezeroto-mladost-mi-se-megju-omilenite-mesta-02.jpgФото: Стефан Соколовски

А денес, во разговор за CRNOBELO.com, тој открива кои му се петте омилени места во градот, заради кои го сака Велес:

„Прва на листата е Спомен костурницата - импозантен и монументален споменик, вечно почивалиште на борците од НОБ.

За мене еден од најубавите примери на југословенскиот брутализам.

Прекрасна е симболиката на неговата форма, од една страна расцветан афионов цвет како симбол на слободата, а од друга страна распукан германски шлем, како симбол на победата над фашизмот.

Во неа е сместен и најголемиот мозаичен комплекс во Македонија, дело на академскиот сликар Петар Мазев, во кое преку композиција од пет делови на мозаици е претставена историјата на македонскиот народ.

vasil-zafirchev-za-rodniot-grad-spomen-kukjata-na-racin-i-ezeroto-mladost-mi-se-megju-omilenite-mesta-09.jpgОдбележување на 40 години од отворањето на Спомен костурницата во Велес 

Следни се мостовите на Вардар. Новиот и стариот мост, малото мовче и железен мост се дел од мостовите во Велес, заради кои градот за време на османлиското владеење бил наречен Ќупурли или Град на мостови.

Тие не само што ги поврзуваат левата со десната страна на Вардар, стариот со новиот дел на градот, туку стануваат и некаква симболична поврзница на минатото со сегашноста.

vasil-zafirchev-za-rodniot-grad-spomen-kukjata-na-racin-i-ezeroto-mladost-mi-se-megju-omilenite-mesta-06.jpgЖелезен мост во сцена од авторскиот филм на Васил Зафирчев - „Елегија за тебе" 

Спомен куќата на Кочо Рацин, сместена во „Сокачето на поезијата“, а изградена во духот на старата велешка архитектура, е потсетник на еден од најголемите македонски поети и основоположник на современата македонска литература, е трета на мојата листа.

Покрај грнчарската работилница во приземјето, неверојатен е чардакот на куќата од кој има прекрасен поглед на градот.

Во куќата е сместена и музејска поставка со оригинални ракописи на Рацин и голем број други спомени за неговиот живот и дело.

vasil-zafirchev-za-rodniot-grad-spomen-kukjata-na-racin-i-ezeroto-mladost-mi-se-megju-omilenite-mesta-08.jpgНастап на 55. "Рацинови средби" пред Спомен куќата на Рацин 

Следна на мојата листа е црквата Св. Пантелејмон - денес соборен храм на Повардарската епархија, извонредно дело на надалеку прочуениот македонски неимар и градител на цркви Андреја Дамјанов.

Црквата, освен по барокните елементи, е позната и по прекрасната акустика добиена со вградување грнчарски производи во ѕидовите и со користење лушпи од јајца во малтерот.

vasil-zafirchev-za-rodniot-grad-spomen-kukjata-na-racin-i-ezeroto-mladost-mi-se-megju-omilenite-mesta-07.jpgКонцерт на црковниот камерен хор "Св. Вмч. Пантелејмон"

Езерото Младост е уште едно место во мојот топ 5 избор.

Иако изградено за наводнување на лозовите насади и земјоделските плантажи во околината, кои често страдале од суши во минатото, денес Велешкото езеро е многу посетувано туристичко место, кое покрај за угостителство е и зона за спорт и рекреација.

Освен за спортски риболов, езерото најчесто е посетувано за традиционалните излети како оние за 1 Мај и Илинден, но и за капење во летните месеци.

vasil-zafirchev-za-rodniot-grad-spomen-kukjata-na-racin-i-ezeroto-mladost-mi-se-megju-omilenite-mesta-05.jpgТВ снимање на езерото "Младост"

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...

Најчитани неделава