Кирил Џајковски, Симон Трпчески - Македонски музичари кои нè направија горди пред светот

Нашиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, во поголемиот дел од годината патува низ светот и одржува концерти во најпрестижните музички сали. Кои други домашни музичари можат да се пофалат со интернационална кариера?

kiril-djajkovski-simon-trpcheski-makedonski-muzichari-koi-ne-napravija-gordi-pred-svetot-01.jpg

Многу музичари цел живот сонуваат за интернационален успех, а дел од нив имаат среќа да го остварат тоа.

Секако, кариерата надвор од границите на сопствената земја бара многу работа и пожртвуваност, но меѓународниот успех, потоа, е вистинска сатисфакција.

И ние во Македонија имаме музичари кои успеаја да се пробијат надвор од границите на земјава - некои во регионот, други низ Европа, а трети се познати и ценети и во светски рамки.

Ова се наши музичари со интернационална кариера кои нè направија горди:

Калиопи

Пејачката со години пее и на македонски и на српски јазик, а и нејзините албуми се снимени на двата јазика.

Последниве години одржа стотина концерти во многу градови во цела поранешна Југославија.

kiril-djajkovski-simon-trpcheski-makedonski-muzichari-koi-ne-napravija-gordi-pred-svetot-06.jpg

Дуке Бојаџиев

Откако долги години живееше и работеше во САД, а потоа и во Франција, нашиот композитор во моментов живее и компонира музика во Португалија.

Низ годините тој компонираше музика за реклами на големи американски брендови, но и филмска музика за неколку македонски, но и бројни американски и француски филмови.

kiril-djajkovski-simon-trpcheski-makedonski-muzichari-koi-ne-napravija-gordi-pred-svetot-03.jpg

Влатко Стефановски

Виртуозот на гитара уште од времето на „Леб и сол“ важеше за еден од најдобрите и најпопуларни гитаристи во поранешна Југославија - статус кој го има и денес.

kiril-djajkovski-simon-trpcheski-makedonski-muzichari-koi-ne-napravija-gordi-pred-svetot-08.jpg

Тања Царовска

Нашата пејачка која со години живее во Велика Британија, пееше една од насловните нумери во филмот Troy, со Бред Пит во главната улога.

kiril-djajkovski-simon-trpcheski-makedonski-muzichari-koi-ne-napravija-gordi-pred-svetot-04.jpg

Браќата Тавитјан - Диран и Гаро

Синовите на легендарниот тапанар Гарабет Тавитјан, Диран и Гаро, освен што работат на проекти во земјава, соработуваат со бројни музичари од Балканот и светот. 

Истовремено, тие настапуваат на фестивали и одржуваат концерти низ целиот свет, вклучувајќи го и Карнеги Хол во Њујорк. 

kiril-djajkovski-simon-trpcheski-makedonski-muzichari-koi-ne-napravija-gordi-pred-svetot-12.jpg

Уште 5 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и пре...
Горди сме! Марија (22) од Богданци освои втора награда за моден дизајн од светскиот бренд Pierre Car... Македонија има талентирана младина! Студентка Марија Роглева од Факултетот за ар...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...

Најчитани неделава