Горди сме! Марија (22) од Богданци освои втора награда за моден дизајн од светскиот бренд Pierre Cardin

Македонија има талентирана младина! Марија Роглева од Факултетот за арт и дизајн од Скопје ја освои втората награда за модна креација од светскиот бренд Pierre Cardin и со тоа се пласираше во петте најдобри учесници, во конкуренција на 450 пријавени студенти од повеќе европски земји.

gordi-sme-marija-21-od-bogdanci-osvoi-vtora-nagrada-za-moden-dizajn-od-svetskiot-brend-pierre-cardin-01.jpg

Марија Роглева (22) од Богданци е студент на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје, а 7 години активно се занимава со мода и уметност.

Марија пролетта учествуваше во работилницата од соништата во Париз, организирана од модната куќа Pierre Cardin, а сега со една од своите креации се натпреваруваше во финалето организирано од овој моден бренд, и во конкуренција на 13 најдобри млади креатори од Европа, го освои второто место.

gordi-sme-marija-21-od-bogdanci-osvoi-vtora-nagrada-za-moden-dizajn-od-svetskiot-brend-pierre-cardin-20.jpg

Натпреварот се одржа во Атина, каде што беа претставени моделите само на тринаесетте најдобри млади креатори, кои со својата модна визија се издвоија на работилницата во Париз.

Во тоа време, Марија за CRNOBELO.com кажа дека не знае дали ќе влезе меѓу најдобрите и дека дури по неколку месеци учесниците од работилницата ќе знаат кои од нив се во финалето, закажано за октомври во Атина.

gordi-sme-marija-21-od-bogdanci-osvoi-vtora-nagrada-za-moden-dizajn-od-svetskiot-brend-pierre-cardin-06.jpg

Но, Марија нè направи горди и со својата креација го освои второто место.

Веста за наградата на младата девојка ја споделија од нејзиниот Универзитет на Инстаграм.

gordi-sme-marija-21-od-bogdanci-osvoi-vtora-nagrada-za-moden-dizajn-od-svetskiot-brend-pierre-cardin-03.jpgКреацијата на Марија

„Во импресивниот амбиент на Божиќниот театар во Атина, пред многубројна публика во саботата навечер (04.10) се одржа големото финале на европската награда за млади модни дизајнери, под патронство на модната куќа Pierre Cardin.

Нашата студентка Марија Роглева од Факултетот за арт и дизајн ја освои втората награда и со тоа се пласираше во петте најдобри учесници, во конкуренција на 450 пријавени студенти од повеќе европски земји.

gordi-sme-marija-21-od-bogdanci-osvoi-vtora-nagrada-za-moden-dizajn-od-svetskiot-brend-pierre-cardin-04.jpg

Тринаесетте финалисти се претставија со свои креации на заедничка модна ревија.

Тројцата добитници на првата награда ќе остварат четиримесечна пракса во студиото на Pierre Cardin во Париз.

Втората награда, која ѝ беше доделена на Марија и на уште еден учесник, се состои од статуетка и диплома.

gordi-sme-marija-21-od-bogdanci-osvoi-vtora-nagrada-za-moden-dizajn-od-svetskiot-brend-pierre-cardin-05.jpg

Наградите на добитниците им ги додели лично Родриго Базиликати Кјарден, претседател на групацијата Pierre Cardin.

Во Атина Марија Роглева ја придружуваше проф. д-р Гордана Вренцоска, под чие менторство се правеа подготовките за финалниот настап.

gordi-sme-marija-21-od-bogdanci-osvoi-vtora-nagrada-za-moden-dizajn-od-svetskiot-brend-pierre-cardin-10.jpg

Марија вели: „Среќна сум за својот постигнат успех, кој го доживувам како голема мотивација за иднината“.

За неа ова беше непроценливо искуство, преку кое се стекна со важни лекции за професијата моден дизајнер“, стои, меѓу другото, во објавата.

Прочитајте и Браво, Македонија има талентирана младина! Марија (21) од Богданци беше дел од работилница на Pierre Cardin во Париз

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели пе... Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и негов...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...

Најчитани неделава