Беспрекорна во разголена трудничка фотосесија, стилски аутфити – Македонката Зои Блаж ужива во бременоста

Зои Блаж е една од најстилски облечените македонски трудници, која живее во Германија - таа постојано споделува труднички модни комбинации и откри дека краде облека од сопругот, а сега објави и фотосесија, со разголено трудничко тело, на која изгледа беспрекорно. 

besprekorna-vo-razgolena-trudnichka-fotosesija-stilski-autfiti-makedonkata-zoi-blazh-uzhiva-vo-bremenosta-01.jpg

Македонската инфлуенсерка Зои Блаж, која заедно со сопругот Тадеј, ракометар од Словенија, живее во германско планинско гратче, го очекува првото бебе.

Таа е во 31-вата недела од бременоста, а на Инстаграм редовно споделува фотки и видеа од нејзините труднички аутфити.

Во текот на овие месеци Зои одржува одлична фигура, а нејзините модни комбинации се инспирација за секакви пригоди.

Од прошетки во текстас стајлинг, до тесни фустани кои го истакнуваат трудничкото стомаче и свечени аутфити искомбинирани со рамни чевли, таа изгледа одлично и средена од глава до пети во текот на бременоста.

Неодамна Зои откри дека му ја краде облеката на сопругот за лежерни комбинации и повторно успева да ја искомбинира совршено.

Овој пат таа објави фотосесија направена од фотограф во Германија, на која блеска со труднички сјај.

На фотките на кои Зои позира облечена во широки панталони и сако, таа го покажа своето беспрекорно трудничко тело и напиша: 

„Бебе е нешто што го носиш во себе 9 месеци, во рацете 3 години, а во срцето до денот кога ќе умреш“.

Прочитајте и Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку од Македонија?“

Во продолжение погледнете повеќе модни и труднички комбинации на Зои кои ќе ви послужат како инспирација: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Тони Зен на семеен одмор во Шпанија – ги покажа тетоважите, ужива со синот кој му го смени животот (... Ги покажа тетоважите на неговото фит тело, носи чадори и торби на плажа, ужива в...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...

Најчитани неделава