Нови детали за пациентите со повреди од пожарот: „51 се испратени во странство, тука повеќето се стабилни, а 20 во критична состојба“

Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри, а сите кои биле во дискотеката, а немаат симптоми, задолжително да се пријават на лекар - изјава на министерот за здравство со последни информации за состојбата на пациентите по пожарот во Кочани. 

novi-detali-za-pacientite-51-pacient-se-isprateni-vo-stranstvo-tuka-povekjeto-se-stabilni-a-20-vo-kritichna-sostojba-1.jpg

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари утрово даде изјава за медиумите, во која ја соопшти моменталната состојба на пациентите кои се хоспитализирани кај нас, но и во странство. 

Соопштението од Министерство за здравство во целост:

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17.

Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на настанот во Кочани, дури и ако немаат симптоми да контактираат со своите матични лекари. Во координација со Клиниката за психијатрија ќе формираме тимови од психијатри и психолози кои ќе бидат на располагање за психолошка поддршка на семејствата и пациентите, изјави министерот.

Во однос на пациентите кои се упатени во странство, 51 пациент се веќе испратени надвор од државата, од кои 9 пациенти се во Турција (3 во Истанбул и 6 во Анкара), Бугарија 14 пациенти од кои 8 пациенти во Софија, 5 пациенти во Солун, 17 пациенти во Србија, како и 2 лица во Будимпешта и 4 лица во Романија.

Очекуваме во текот на денешниот ден уште две лица да бидат упатени во Словенија, 4 лица во Хрватска и 6 лица во Австрија. Во моментот 20 лица се во критична состојба, посочи министерот Таравари.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со др... „Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава