Игор Џамбазов скршен од тага за Андреј: „Малкумина беа како тебе, добри луѓе кои се жртвувале секогаш“

„Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе“ - гласи дел од објавата на Игор Џамбазов за својот колега и пријател, Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој прерано, трагично, но херојски го загуби животот. 

igor-djambazov-skrshen-od-taga-za-andrej-malkumina-bea-kako-tebe-dobri-lugje-koi-se-zhrtvuvale-sekogash-01.jpg

За Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој трагично и херојски го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани, нема кој нема да каже некој добар збор.

Неговата добрина се раскажува од уста на уста, a неговите хумани дела и музичка трага ќе останат засекогаш врежани во нашите сеќавања.

Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил, скршен од тага и болка напиша објава во која јавно се збогува од својот колега, соработник и пријател.

Пријателе...

Немам зборови.
Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам.
Уште помалку да пеам.
Онемев.
Ослепев.
Оглувев.
Оглупавев.
Снеможев.

Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика.

И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку...

Сонувај спокојно...

Прочитајте повеќе: Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Златко Јовановски со емотивна исповед: „Доживеав банкрот на 21 година, 6 месеци чекав некој да остав... „Отворав сам секој ден, дотеран зашто чекав клиенти. Секој ден ентузијастич...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава