„Песнава ме прогонува со денови“ - Џамбазов ја пее „Ако утре ме нема“ во чест на Андреј и жртвите од пожарот

„Песнава со денови наназад ми дише во врат. Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации“ - вели Игор Џамбазов, кој со многу тага ја пее „Ако утре ме нема“ од ДНК.

pesnava-ne-progonuva-so-denovi-djambazov-ja-pee-ako-utre-me-nema-vo-chest-na-andrej-i-zhrtvite-od-pozharot-01.jpg

Изминатата недела беше тешка за сите, со многу солзи, споделување убави и тажни спомени за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, и најтажниот ден - погребот на 59-те загинати.

Со болката секој се справи различно - едни со молк, други со објава на фотографии од блиските и по некоја раскажана анегдота за нив или за времето поминато заедно.

Тоа го направи и Игор Џамбазов, кој на својот Инстаграм објави фотки со Андреј од ДНК, со Сара Пројковска и се прости од сите жртви во пожарот.

Една недела по несреќата, Игор вели дека и понатаму не може да го прифати фактот дека некои негови пријатели и соработници ги нема, па објави видео во кое ја пее „Ако утре ме нема“.

pesnava-ne-progonuva-so-denovi-djambazov-ja-pee-ako-utre-me-nema-vo-chest-na-andrej-i-zhrtvite-od-pozharot-03.jpg

„Песнава ме прогонува. Со денови наназад ми дише во врат.

Како потстанар да ми е во мозокот. Како краста што не зараснува.

Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации.

Почивајте во мир деца наши...“, напиша тој во пораката.

Кликнете на видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава