Иџе го обои црно тркачкото Ферари: „Вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти“

„Ова не е само боја - ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти“ - Иџе обои во црно дел од своето тркачко возило во чест на жртвите од Кочани.

idje-go-oboi-crno-trkachkoto-ferari-vistinskite-pobedi-se-koga-sme-zaedno-vo-teshkite-momenti-01.jpg

Трикратниот шампион во ридски трки, Игор Стефановски Иџе го обои во црно задниот дел од своето Ферари, возилото со кое се трка втора година по ред.

Иџе ова го направи во чест на жртвите од трагедијата во Кочани и во знак на солидарност кон сите оние што тагуваат по големата загуба.

idje-go-oboi-crno-trkachkoto-ferari-vistinskite-pobedi-se-koga-sme-zaedno-vo-teshkite-momenti-06.jpg

Тој сподели фотографија од возилото на Инстаграм, со емотивна порака.

„Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа.

Ова не е само боја - ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски.

Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти.

Почивајте во мир“ - напиша тој.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...

Најчитани неделава