Искра Донева: „Ние, кои живееме со церебрална парализа од раѓање, знаеме што е борба - борба со своето тело 24h“

„Денес е светски ден за подигање на свеста за церебралната парализа... Да живееш со церебрална парализа е борба за да се исправиш, кренеш рака, свиткаш нога, досегнеш нешто, борба за секој чекор. Секое достигнување да јадеш, да се облечеш и слично е како олимписка дисциплина“, вели Искра Донева.

iskra-doneva-nie-koi-zhiveeme-so-cerebralna-paraliza-od-ragjanje-znaeme-shto-e-borba-borba-so-svoeto-telo-24h-01.jpg

Искра Донева е жена која цел живот живее со церебрална парализа и отворено говори за да ја поткрене јавната свест на оваа тема.

Денес (25.03) е светскиот ден за подигање на свеста за церебралната парализа, па таа повторно се огласи на својот Фејсбук профил со моќна порака.

iskra-doneva-nie-koi-zhiveeme-so-cerebralna-paraliza-od-ragjanje-znaeme-shto-e-borba-borba-so-svoeto-telo-24h-02.jpg

Инаку, церебрална парализа претставува група на невролошки нарушувања кои се појавуваат како резултат на оштетување или абнормален развој на мозокот, најчесто во текот на бременоста, породувањето или во првите години од животот.

Оваа состојба влијае на способноста за контролирање на мускулите и движењата.

Клучни карактеристики:

  • Неподвижност или слаба координација на движењата (како што се одот, држењето на телото, балансот)
  • Спастичност (зголемен мускулен тонус)
  • Намалена мускулна сила и контрола
  • Можни когнитивни и говорни нарушувања, зависно од тежината и типот на оштетување
  • Состојбата е непрогресивна – не се влошува со текот на времето, иако симптомите може да се менуваат

Причини:

  • Мозочен удар или недостаток на кислород при раѓање
  • Инфекции во текот на бременоста
  • Повреди на мозокот во раното детство
  • Генетски и развојни абнормалности

Церебралната парализа не може целосно да се излечи, но преку физикална терапија, работна терапија, логопедска поддршка и медицински третман, може значително да се подобри квалитетот на живот на лицата со оваа состојба.

Објавата на Искра:

„Календарот вели денес е светски ден за подигање свест за церебрална парализа.

Ние, кои секој ден живееме со оваа состојба од раѓање знаеме што е борба. Борба со сопственото тело, кое 24 часа дневно е во постојан целосен грч, бесполезен труд кој те троши и заморува, а не си направил речиси ништо.

iskra-doneva-nie-koi-zhiveeme-so-cerebralna-paraliza-od-ragjanje-znaeme-shto-e-borba-borba-so-svoeto-telo-24h-04.jpg

Борба за да се исправиш, кренеш рака, свиткаш нога, досегнеш нешто, борба за секој чекор....

Секое достигнување да јадеш, да се облечеш и слично е како олимписка дисциплина во спорост, достојна за златен медал.

Борба со умот, го ‘штимаш’ секое утро да гледа сонце, да има волја да го победи грчот во телото барем за миг, да прелета преку скалите, да не гледа пречки во тротоарите, да не обрнува внимание на погледите што прекоруваат што сме се дрзнале и покрај сè да се смееме и да го сакаме животот.

iskra-doneva-nie-koi-zhiveeme-so-cerebralna-paraliza-od-ragjanje-znaeme-shto-e-borba-borba-so-svoeto-telo-24h-03.jpg

Знаеме што се доктори, болници, ходници, шалтери... Знаеме за општество во кое си само бројка и вишок.

Знаеме како е да си неслушнат, невидлив и недопрен, иако со сите сили крикнуваш на сет глас, ако го имаш.

Како е да ги губиш саканите кои ти биле поддршка... Знаеме за луѓе и нелуѓе... Знаеме и за среќа, љубов, креативност...

Создаваме свет во кој има место за сите и го цениме секој здив живот, сега и овде“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава