Летното сметање на времето почнува викендов - Ќе спиеме еден час помалку во недела

Летното сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од март, а трае до последниот викенд од октомври, кога часовникот повторно се поместува еден час наназад.

letnoto-smetanje-na-vremeto-pochnuva-vikendov-kje-spieme-eden-chas-pomalku-vo-nedela-01.jpg

Летното сметање на времето во 2025 година почнува на 30 март во 02:00 часот, со што часовниците ќе се поместат еден час нанапред односно на 03:00 часот.

Ова значи дека недела, 30 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа.

Кога се поместуваат стрелките на часовникот нанапред, народот вели и дека „спиеме еден час помалку“ бидејќи и денот е пократок.

letnoto-smetanje-na-vremeto-pochnuva-vikendov-kje-spieme-eden-chas-pomalku-vo-nedela-02.jpg

Знаете ли зошто се менуваат стрелките на часовникот на секои 6 месеци?

Целта на оваа постапка е да се искористи дневната светлина и на тој начин да се заштеди потрошувачката на енергија.

Во последните години многу земји сакаа да го укинат летното сметање на времето, па поттикнати од тоа, во 2016 година Европската унија покрена иницијатива за да се одреди едно време кое ќе биде унифицирано за сите држави на континентот, но безуспешно.

Причината што и понатаму нема договор е што едни земји инсистираат времето да се мери според „зимското сметање“, а други преферираат преку цела година да се задржи „летното сметање“ на времето.

letnoto-smetanje-na-vremeto-pochnuva-vikendov-kje-spieme-eden-chas-pomalku-vo-nedela-03.jpg

Дали промената на времето влијае на луѓето?

Во јавноста со години се дебатира за тоа дали промената на времето има влијание врз здравјето на луѓето.

Кога се поместуваат стрелките на часовникот, понапред или поназад, многу луѓе се жалат дека не се чувствуваат добро - дека се уморни и дека им се менува расположението.

Сепак, медицината се нема посериозно насочено кон оваа тема, иако постојат некои истражувања кои потврдиле дека на организмот му се потребни 15-тина дена за да се адаптира на промената.

Во секој случај, лекарите тврдат дека поместувањето на часовникот има влијание врз луѓето, но дека тоа е многу мало.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...

Најчитани неделава