Сведоштво на Филип од Кочани, кој отишол да помага во пожарот: „Беше многу потресно, пристигнав во 2:45 часот со татко ми“

„Пожарната уште не беше пристигната, некои луѓе веќе помагаа, како обезбедувањето... Сликата беше страшна и луѓето изгледаа... не знам како да опишам, нема зборови со кои може да се опише тоа“, споделува Филип Илијев и испраќа апел на луѓето кој го преживеале тој хорор да не им се зборува постојано за кобната ноќ.

svedoshtvo-na-filip-od-kochani-koj-otishol-da-pomaga-vo-pozharot-beshe-mnogu-potresno-pristignav-vo-2-45-chasot-so-tatko-mi-01.jpg

Филип Илијев е еден од хуманите момци од Кочани, кои воопшто не биле присутни на кобната ноќ во дискотеката во Кочани, но веднаш отишле таму за да помогнат штом ги виделе пламените јазици од пожарот.

Тој ѝ се обрати на јавноста од просториите на дечките кои го водат supportkocani.com, платформата за директни донации на семејствата на настраданите.

Филип во своето обраќање меѓудругото испраќа порака дека на преживеаните не треба постојано да им се зборува и да им се поставуваат прашања за кобната ноќ, затоа што тоа само им ја враќа и засилува траумата од ужасните глетки кои ги виделе и кои ќе ги помнат до крајот животот.

Во своето обраќање тој вели:

„Дојдов тука во Support Kocani кај дечките своеволно да кажам неколку работи околу настанот што се случи.

Беше многу потресно.

Јас на настанот пристигнав во 2:45 со татко ми.

Пожарната уште не беше пристигната, некои луѓе веќе помагаа, како обезбедувањето и некои од луѓето кои не вдишале чад.

Разговарав со психолози и испраќам апел до нашите сограѓани и луѓето коишто нè познаваат – да не нè прашуваат многу и да не нè потсетуваат многу на таа случка поради тоа што може да дојде до посттрауматски мисли, до психолошки нарушувања, до панични напади.

Сликата беше страшна и луѓето изгледаа... не знам како да опишам, нема зборови со кои може да се опише тоа.

Сакам да апелирам до секој кој што може, кој што е во можност да помогне и да донира средства бидејќи ситуацијата и борбата ќе биде долготрајна.

На некои може ќе им треба и една година за да закрепнат од ова, ќе им треба и многу средства за лекување и во странство и за сè да биде како што треба.

Лично препорака од психотерапевт што ја слушнав е дека е добро на психотерапевт да отидат сите што биле присутни и што имаат видено таква кобна слика таа вечер... Па, дури и луѓето коишто отпосле слушнале муабети како било, треба да отидат.

Тоа е луѓе, колку можете помагајте и на повредените и на семејствата на починатите.

Бог да ги прости децата...“

Обраќањето на Филип:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Дечко ја запроси саканата на концертот на Давид Темелков во Скопје - тој им пееше, а тие играа танго... Дечко излезе на сцената да заигра со својата сакана, но всушност ја запроси, а п...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава